НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев вети: Нема да има кражба на гласови на локалните избори

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
Фото Мета
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Службени возила, канцеларии и други јавни државни добра ќе бидат забранети за користење на претстојните локални избори.  Владата ќе формира координативно тело за да контролира дали се спроведуваат мерките за претстојните локални избори бидат фер и демократски.

Премиерот Зоран Заев на денешата конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ рече дека Владата за реализирање на оваа цел донела упатство за забрането користење државни ресурси за лични и партиски цели.

-Нема веќе злоупотреба за лични, партиски, ниту за изборни цели. Администрацијата може да биде спокојна, без уцени, закани и притисоци , рече Заев, ветувајќи „нула толеранција за изборните измами, заплашување на администрацијата и други притисоци од страна на државните институции “.

Заев ги повика граѓаните „слободно да сугерираат за сè што мислат дека е потребно за фер и регуларни избори“.

Евроамабасадорот Самуел Жбогар рече дека многу е важно ветувањето што го даде премиерот Зоран Заев дека ќе ја оддели државата од партијата.

-Најважно е политичките лидери и партии да ги спроведат кампањите без какви било заплашувања, како и да не се подгреваат меѓуетничките односи, рече Жбогар.

Во сите досегашни сите извештаи на ОБСЕ, како и во Пржинскиот договор најголемите забелешки беа дека мора да се одвои државата од партијата.

На тоа посочи и извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, според кого новата влада има доволно примери од минатото за непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата и дека треба да направи се, злоупотребите од минатото да не се повторат.

На конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ што е во тек покрај МОСТ, учествуваат и претставници од ЦИВИЛ, од Институтот за европска полтика, од „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, од Центарот за управување со промени, од „Транспаренси интернешенл“ и претставници на политичките партии.

Зоран Заев конференција локални избори МОСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.