НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гонзалез: Освоивме бодови каде тешко се освојуваат

0
By Нова ТВ on September 18, 2017 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Презадоволство во Вардар од победничкиот почеток на одбрана на титулата во ракометната Лига на шампиони. Првенствено од значењето дека е забележан на гости, а потоа и на терен што важи за тешко освоив за противнички екипи. „Црвено-црните“ во воведниот дуел во групата ја совладаа Висла во Плоцк со 26:22 (13:9) за нивна прва радост во настапите на Полска.

„Во Плоцк тешко се освојуваат бодови. Ние успеавме и среќен сум поради тоа. Висла има добар ростер што е предводен од одличен тренер. Одигравме добра одбрана и мислам дека тоа ја направи разликата. Противникот имаше добри петнаесетина минути во вториот дел, период во кој ни ссоздаде доста проблеми, но успеавме да се консолидираме и победиме и покрај големиот број промашени зицери“, истакна вардаровиот тренер, Раул Гонзалез.

Македонскиот и европски првак ја имаше контролата во текот на целиот меч. Висла само трипати успеа да израмни, но ниту еднаш и да поведе во 60. минути во својата „Орлен арена“ што е доволен податок за отсликување на односот на силите на терен. Првото беше во четвртата минута преку Тарабохија за 1:1, второто преку Обрадовиќ во 36 минута за 13:13, а последното преку Дуарте во 44. минута за 15:15 на што вардарци возвраќаа со серија од два до три гола.

„Висла имаше свои моменти. Особено во второто полувреме. Одиграа добро по паузата, но, сепак, на крај заслужено победивме. Важен триумф, важни бодови за нас. Во Плоцк ќе биде тешко за сите екипи во групата. Не само за игра туку и за победа. Ние успеавме“, истакна Иван Чупиќ по продолжување на вардаровата низа на шест победи вклучувајќи го и финишот на ланската сезона.

Домашниот ракометар Даѓек беше најефикасен на средбата со шест гола, Борозан го предводеше Вардар со пет погодоци. Во останатите мечеви во групата А, Нант на Кире Лазаров го порази ПИК Сегед со 30:26 додека победник немаше во двата останати меча Рајн Некар Левен – Барселона (31:31) и Кристијанштад – ППД Загреб (28:28).

Вардарци во второто коло (23 септември, 17,30 часот) ќе бидат домаќини на Нант.

Висла Плоцк – Вардар 22:26 (9:13)

Сала: „Орлен арена“ во Плоцк. Гледачи: 4,750. Судии: Оскар Ралуј Лопез и Ангел Сабросо Рамирез (двајцата од Шпанија)

Висла Плоцк: Вихари, Моравски, Борбели, Дашек 6, Дуарте 1, Крајевски 3, Обрадовиќ, Гонеа, Т. Гебала, Ивиќ 4, Тарабохија 3, М. Гебала, Забиќ 1, Михиќ, Де Толедо 4, Воловјец. Тренер: Пјотр Пржибецки.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 минути.

Вардар: Штербик, Ѓорѓески, Стоилов 2, Кристопанс 4, Фереита Мораеш, Македа 1, Карачиќ 2, Абутовиќ, Кањелјас 2, Циндриќ 2, Чупиќ 3, Дибиров 3, Шишкарев 2, Борозан 5, Војводиќ, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 10 минути

Лига на шампиони (м) – 1 коло

Група А

Висла Плоцк – Вардар 22:26

Нант – ПИК Сегед 30:26

Рајн Некар Левен – Барселона 31:31

Кристијанштад – ППД Загреб 28:28

Група Б

Кил – ПСЖ 22:25

Фленсбург – Алборг 30:27

Целје – Веспрем 31:39

Мешков Брест – Виве Кјелце 28:25

Група Ц

Горење Велење – Адемар Леон 23:22

Скјерн – Динамо Букурешт 39:28

Шафхаузен – Елверум 36:30

Група Д

Бешикташ – Спортинг Лисабон 26:30

Монпелје – Металург 32:22

Мотор Запорожје – Чеховски медведи 36:23

Вардар Висла Плоцк Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.