Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Централен митинг:Заев вети подобра Македонија, Шилегов европско Скопје

0
By Нова ТВ on October 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 8, 2017 21:19

СДСМ и коалиционите партнери вечерва во Скопје го одржаа централниот митинг пред локалните избори што ќе се одржат следната недела. На митингот пред зградата на Владата, беа претставени сите кандидати за градоначалници, а од бината се обратија само кандидатот за Скопје, Петре Шилегов, и лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Заев на граѓаните им вети дека нема да ја изневери довербата на граѓаните и ја побара нивната поддршка на изборите за заедно со идните градоначалници да изградат услужни и развиени општини.

„Во кои луѓето ќе живеат и работат квалитетно еден покрај друг, во општини и градови кои ќе работат за граѓаните“, рече Заев.

Тој нагласи дека како што почнала новата Влада да работи домаќински, така и ќе продолжи и во иднина. Ќе останат посветени и ќе докажат дека во Македонија може да има реална промена.

Кандидатите за градоначалници на коалицијата, предводена од СДСМ, како што порача Заев акцент ќе стават на тоа граѓаните во општините да одлучуваат за тоа како ќе се трошат парите, на чистата животна средина, која подразбира чист воздух и чиста вода за пиење.

На централниот митинг во Скопје Заев вети дека Владата ќе ги помага градоначалниците и советите да пуштат повеќе пари кај граѓаните, да создаваат повеќе можности за работа за младите, како и да нудат услови за поквалитетно образование и здравство во нивните села и градови.

Како симбол на новото време најави дека „тенкот“ на Никола Груевски, односно владиниот мерцедес од 600 илјади евра ќе биде продаден и со парите од неговата сегашна вредност ќе се купат амбулантни возила.

Тој изрази верување дека Македонија ќе биде 30. членка на НАТО.

„Денеска ја барам поддршката заедно да ја ослободиме Македонија од остатоците од режимот, да дојде подобар живот во секое село, секој град. Се здруживме со граѓанските организации и со 22 политички партии и од вас бараме поддршка да изградиме слободни, услужни и развиени општини, кои ќе работат и ќе ги поврзуваат граѓаните и кои ќе ги враќаат парите, назад кон граѓаните“, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, порача дека Скопје веќе не е вмровски град и ги повика сите заедно да го зададат последниот удар на режимот на, како то рече, бандата на Никола Груевски.

„Скопје го враќаме на граѓаните. Нема партиски поделби, нема етнички поделби. Изминативе денови поминав многу скопски општини, сите ме пречекаа и испратија со истата порака, да се обединиме за на Скопје да му ја донесеме слободата. Цела деценија сме жртви на урбаното и коруптивното владеење на ДПМНЕ. Груевски преку Коце Трајановски правеше буквално што сака со нашиот град“ – рече Шилегов.

Тој вети дека во 2018 година ќе ја започне гасификацијата на Скопје, кој ќе биде отворен и услужен град.

„Вашите идеи ќе бидат моја обврска. Скопје за време на мојот мандат ќе биде град што поврзува луѓе. Ќе ги поврземе Аеродром и Кисела Вода преку пруга. Скопје ќе стане вистински мултиетнички град. Нема веќе поделби“- порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ.

Шилегов вети дека плански ќе гради улици и булевари за да го намали сообраќајниот метеж, ќе купи нови електрични автобуси за да ги замени кинеските (кои ги нарече најголеми загадувачи), а на скопјани ќе им овозможи да засадат по едно дрво за секое новороденче што ќе се роди во градот.

На митингот се обратија и граѓанските активисти Никола Писарев и Руше Рауфи Адеми.

Зоран Заев локални избори 2017 митинг Петре Шилегов СДСМ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.