НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа не се согласува со “иранската стратегија” на Трамп

1
By Нова ТВ on October 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп се закани вчера дека во секој момент може да стави крај на меѓународниот договор кој има за цел да го спречи Иран да направи атомска бомба. Со своите вчерашни изјави, американскиот претседател ги загрижи сите земји потписнички на овој договор потпишан во 2015 година по 13 години интензивни преговори.

– Време е целиот свет да ни се приклучи во обидите да ги спречиме иранските власти да тежнеат кон смрт и уништување, истакна Трамп велејќи дека овој договор е најлошиот договор потпишан од САД.

Тој имаше говор во кој зборуваше за «диктаторскиот режим» во Иран и додаде дека САД ќе се спротиставуваат на дестабилизирачкото влијание на Техеран за да ја запрат неговата агресивност со помош на поголем број земји од регионот.

Но светот е далеку од оваа опција и воопшто не го дели ставот на Трамп. Така, Јукиа Амано, првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија (АИЕА) изјави дека Иран е предмет на «најсолидните проверки за нуклеарно оружје».

Се разбира, говорот на Трамп предизвика силна реакција во Техеран па иранскиот претседател изјави дека САД се осамени во нивниот став против иранскиот народ.

Москва исто така го изрази своето негодување а истото го стори и Федерика Могерини, шефицата на ЕУ дипломатија во име на сите земји членки. Таа предупреди дека ова е обид да се растури «договор кој функционира и ги исполнува дадените ветувања».

Британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон испратија соопштение за да подвлечат дека нивните земји го поддржуваат договорот за кој се преговараше 13 години и повикаа на «целосна примена на договорот од сите потписнички».

Макрон дури му се јави на иранскиот претседател Хасан Рохани за да му пренесе дека Франција останува во договорот и дека има намера да патува во Техеран.

Трамп не пропушти да «твитне» и напиша дека сите земји што го поддржуваат договорот «прават многу пари во трговијата со Иран».

И додека целиот свет го поддржува договорот со Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху му испрати честитки на Трамп поради «храбрата одлука». Истото го стори и Саудиска Арабија, сунитската монархија кои стравува од зајакнување на Иран.

Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година по исламската револуција од 1979 година. Администрацијата на Барак Обама учествуваше во меѓународните преговори со Техеран со надеж дека «овој договор дава шанса да се тргне во нова насока».

Но од самиот почеток на неговото влегување во Белата куќа Трамп го заострува тонот кон Иран. Со новиот чекор списокот на меѓународни договори што САД ги напушта продолжува да расте. Како договорот за северно-американска слободна размена Алена, парискиот климатски договор а од вчера САД најавија излегување од Унеско.

Извор: АФП

Ангела Меркел Доналд Трамп Емануел Макрон Иран Меѓународната агенција за атомска енергија Тереза Меј Федерика Могерини Хасан Рохани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.