Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 60 луѓе ноќеска побарале помош во гостиварската болница

0
By Нова ТВ on October 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 12:27

Нови 60 Гостиварци ноќеска побарале лекарска помош во болницата, со што бројот на оние со стомачни тегоби се искачи на 450 во последните три дена.

Од Министерството за здравство тврдат дека епидемиолошките и другите спроведени мерки покажале дека не постои поврзаност за конзумирање на храна од еден ист извор.

Утринава од 8 часот екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  се на терен и прават увид на состојбата во гостиварската болница. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение.

Неофицијално, во Институтот за јавно здравје во Скопје  донесени се примероци за анализа од пациентите, се очекува да бидат донесени и од водата, по што се очекува да излезат со официјално објаснување за причината. Според директорот на Институтот за јавно здравје треба да се испита бактериолошкиот и радиолошкиот состав на водата, физичко хемискиот и дали евентуални е контаминирана.

„Овие анализи ќе потраат малку повеќе, најмалку 48 часа“, изјави за НОВА Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Вчеравечер, и од болницата за НОВА изјавија дека не станува збор за труење со храна, бидејќи пациентите не се поврзани, ниту јаделе на исто место. И покрај направената анализа, лекарите се сомневаат во водата за пиење од гостиварскиот водовод, бидејќи анализите од крвта на пациентите не покажале, вирусна, туку асоцирале на бактериолошка инфекција.

„Сите пациенти се со полесни симптоми, дијареа, повраќање, болки во стомак. Третирани се со соодветна терапија и инфузија и ниту еден не е задржан на болничко лекување. Од направените анализи на крвта се гледа дека станува збор за бактериска инфекција, а не вирусна. Но, не успеваме да утврдиме за која бактерија станува збор. Затоа мострите за анализа утре ќе бидат испратени во Скопје, во Институот за јавно здравје. С е сомневаме дека можен причинител е водата за пиење, за што ќе испратиме дополнитлни примероци за испитување исто така во лабораторија во Скопје. “, изјави за НОВА Гојарт Сулејмани, директор на болницата во Гостивар.

Сулејмани вели дека проблемите се појавиле непосредно после дождовите, кога пациенти масовно почнале да бараат лекарска помош.

Гостивар ДСЗИ заболени ИЈЗ Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.