НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Досие Кенеди) Хувер стравувал дека Освалд не е доволен за јавноста

0
By Нова ТВ on October 27, 2017 ПОЛИТИКА, СВЕТ
Ли Харви Освалд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот директор на ФБИ, Едгар Хувер на 24.ноември 1963 година, кога е елиминиран убиецот на Џон Ф. Кенеди, Ли Харви Освалд, во записникот запишал „Нема ништо ново во случајот Освалд, освен што тој е мртов“.

Аналитичарите се согласуваат дека објавувањето на класифицираниот материјал од 2.800 страни, кој го достави администрацијата на Доналд Трамп, не носи ништо ново за атентатот на американскиот претседател Кенеди во 1963 година.

Но како што поминува времето, а американските новинари ја прегледуваат дата базата објавена од Трамп, излегуваат и по неколку трошки на виделина, токму од записот на Хувер од 24.ноември.

Хувер стравувал дека јавноста нема да се задоволи со информацијата дека Ли Харви Освалд не бил дел од ниту еден заговор за елиминирање на Кенеди, туку дека дејствувал сам.

Тој во 1964 година тврдел дека нема ниту еден доказ за теорија на заговор во која учествувал и Освалд, и потенцирал дека и јавниот обвинител во тоа време, Никлас Каценбах, стравувал од истото.

Како што пишува Ен-Би-Си, и покрај анализата на записот на Хувер, сепак не може да се забележи во што точно првиот директор на ФБИ верувал, но сигурно не сакал да се знаат неговите мислења во јавноста како влијателен човек.

Каценбах во минатото има објавено записник за тоа дека Хувер бил загрижен. Во портфолио кое датира од 25.ноември 1963 година, јавниот обвинител запишал „јавноста мора да се задоволи со тоа дека Освлад е убиецот, дека немал соучесници и дека доказите се доволни за тој да биде осуден пред суд“.

Во еден од документите објавени денес, стои дека ФБИ ја предупредил полицијата на Далас, дека Ли Харви Освалд е во опасност и дека може да биде убиен, но полицијата не реагирала, што го загрижувало директорот на ФБИ.

Едгар Хувер (J.Edgar Hoover)

„Неопростливо е што и покрај нашите предупредувања, Освалд е убиен“, пишува во документот на Хувер од 24.ноември 1963. „Ова ќе покрене метеж кај граѓанските организации за човекови права бидејќи Освалд носеше лисици на рацете а немаше оружје. Во нашето општество има некакви права, кои несомнено беа прекршени“, пишува Хувер.

Поранешниот прв човек на ФБИ бил противник на идејата случајот да го работи независна комисија, и барал надлежно да биде Бирото за правда.

Но по доаѓањето на власт на 36.претседател на Америка, Линдон Џонсон, тој ја формира Ворен комисијата која го презема случајот со убиството на Џон Ф. Кенеди.

Претседателот беше убиен на 22.номеври 1963 година додека парадираше со кабриолет лимузина низ Далас.

За убиството е обвинет поранешниот маринец Ли Харви Освалд, кој според судот, пукал во Кенеди од библиотека близу местото на убиството.

Во 1992 година, Конгресот донесе закон во кој сите записници поврзани со убиството, околу 5 милиони страни, да бидат затворени за јавноста во наредните 25 години.

Кенеди за време на паролата во Далас пред да биде убиен
Америка атентат Доналд Трамп Едгар Хувер Ли Харви Освалд убиство ФБИ Џон Ф. Кенеди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.