НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеници:Од немарност и некоординираност не ги изгласавме препораките

0
By Нова ТВ on November 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Недоволна координација и грешка која не треба да се повтори. Со овие зборови пратениците се правдаат затоа што на вчерашната седница на Собранието, не ги изгласаа препораките на народниот правобранител за подобрување на состојбата со човековите права и слободи во Македонија.

За подобрување на човековите права и слободи не гласале пратеници и од власта и од опозицијата, како  Али Ахмети, Амди Бајрам, Павле Богоевски, Томислав Тунтев, Диме Велковски, Артан Груби, Зоран Илиески, Ивана Tуфегџиќ, Стево Пендаровски и други.

Дел од овие пратеници не присуствувале на седницата и велат дека имаат оправдување за тоа.

Против препораките гласале Мицевски Никола, Митовска Слаѓана, Ѓорѓиевски Зоран, додека пратеникот Владимир Ѓорчев гласал воздржан. НОВА ТВ денеска и телефонски и во канцеларијата на Собранието го побара Ѓорчев за објаснување, зошто гласал воздржан, но тој не одговори на нашите повици, ниту пак беше присутен во Собранието.

Пртениците ветуваат дека ова нема да се повтори и дека денеска ќе ја поправат направената грешка.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција не ја криеше разочараноста од народните избраници.

Тој  најави дека ќе побара Владата на седница да ги изгласа овие мерки.

Во препораките на правобранителот се бара да се избришат гумените куршуми и електричниот парализатор како средства за присилба што ги користи полицијата.

Од областа на судството, Мемети бараа на Управниот суд да му се помогне да одлучува полесно и побрзо.

Народниот правобранител, меѓу другото, исто така побарал извршителите да не смеат да блокираат трансакциски сметки во банка, додека за затворите бара да се подобрат условите, да се подобри безбедноста во затворите и да се подобрат здравствените услови.

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Народен правобранител пратеници препораки СДСМ човекови слободи и права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.