НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделниот протест во Солун не го поддржува ни Црквата ни опозицијата

0
By Нова ТВ on January 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протести, предупредување од страна на Црквата, разногласност во владеачкото мнозинство: обновувањето на преговорите помеѓу Атина и Скопје за името на Македонија ги буди страстите во Грција, пишува агенцијата АФП.

Бројот на противниците на компромисот ќе може да се види во недела на првиот протест предвиден во Солун, престолнината на грчката Македонија и тоа на повик на маглива организација составена од националисти.

Средбата ќе ја набљудуваат и политичарите кои покажуваат “малодушност” кон расположението на избирачите, подвлекува Никос Маранѕидис, професое на катедрата за Балкански студии на Факултетот во Солун.

Паролата на манифестантите е дека “никој не смее да ја узурпира светото име Македонија” и да се спречи малата соседна репубика тоа да го направи.

Грчката Црква не го поддржува неделниот протест

Барањата се исти како и во 90те години кога цела Грција се крена за да бара екслузивност на името Македонија и наследството на Александар Велики. Новата држава така беше примена во Обединетите Нации под привремено име поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ).

Тогаш, во 1992 година, во националистичкиот балкански контекст, насекаде можеше да се чуе слоганот “Македонија е грчка” и на протестот се собраа над милион демонстранти во Солун. Или секој десетти Грк.

Две години подоцна неколку стотини ја бранеа оваа позиција, конструирана врз националистичката национална приказна дека Македонија е составен дел од грчката историја и сопмените од балканските конфликти за поделба на остатоците од Отоманското царство.

Во тоа време, оваа националистичка треска беше потхранувана од сите институции, политичари, православната хиерархија, организациите на професори, судии…

Денес, овој фронт не е толку силен. Влијателната Црква, која се себе вели дека чувар на националниот идентитет, повторно минатата недела го проповедаше “грцизмот” на Македонија. Но, овој пат таа не го поддржува протестот.

Грчкото општесто созреа

Јанис Бутарис

Градоначалникот на Солун, иконокласт и лозар, центристот Јанис Бутарис, одлучи да оди против своите конзервативни претходници и го покажа својот “презир” кон новата “патриотско-националистичка” ерупција.

За Кристина Кулури, професор по политички науку и историја на Универзитетот Пантеон во Атина, премиерот Алексис Ципрас покажува способност да ја натера јавноста да прифати компромис.

Конзервативците од Нова Демократија, кои се во опозиција, му го расчистија патот на Ципрас во таа насока. Кога беа на власт помеѓу 2004 година и 2009 година Атина прифати да го сподели со соседната држава името Македонија доколку тоа биде придружено со одредница од типот Северна Македонија.

Кириакос Мицотакис

“Климата е сменета”, вели Кулури иако “прашањето останува чувствително за целото грчко општество”.

“Мина цела генерација и општеството созреа”, додава Маранѕидис.

Сепак, според една анкета од неделата, 68 отсто Грци не сакаат да го делат името Македонија со нивните соседи.

Откако веќе три години владата се обидува да ја извлече земјата од економската криза што ја зајакна зависноста од меѓународната заедница, сега, според Кулури, владата има шанса “да победи” со решението што го посакуваат сојузниците и со тоа да придонесе за регионалната стабилност.

Каменос дува топло и ладно

Но, десницата нема намера да и ја олесни работата на владата на Ципрас.

Конзерватните пратеници од северот на земјата јасно кажаа дека ќе протестираат во недела одејќи контра инструкциите на лидерот на НД Кириакос Мицотакис.

Мицотакис очекува од Ципрас да побара и најде поддршка кај министерот за одбрана Панос Каменос, незгодниот суверенистички сојузник во владата, пред да бара национален консензус.

Панос Каменос

А Каменос дува топло и ладно: еден ден е против било каков компромис, друг ден изјавува дека ја има сета доверба во шефот на дипломатијата Никос Коѕиас. Потоа, на Твитер, предлага соседот да се вика “Вардарска Македонија” според името на екс-провинцијата на Кралството Југославија од 1921 година до 1941 година.

НАТО и ЕУ го губат трпението со Грција

Никос Цифакис, професор по меѓународни односи на Универзитетот на Пеполонез, тврди дека постои ризик доколку на Каменос му се даде улогата на “судија”. Критичарите на Каменос го обвинуваат дека е мешавина на авантуризам и опортунизам.

И во Грција како и во соседната земја “внатрешната дебата ќе биде решавачката, повеќе од билатералните преговори”, додава Цифакис.

И предупредува на можен неуспех на преговорите “што би можело да се сврти против Грција”, вели тој. Според него, “европските партнери и тие од НАТО, кои губат трпение, би можеле на крајот да побараат интеграција на соседната земја без претходнот решавање на спорот” и без да се обрнува внимание на опозицијата во Атина.

АФП

Алексис Ципрас Грција грчка Црква ЕУ Кириакос Мицотакис Македонија НАТО протест Солун спорот за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.