Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужнокорејско добредојде за светот: Почнува 23. зимска Олимпијада

0
By Нова ТВ on February 9, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2018 11:26

Пјонгчанг во наредните 16 дена ќе биде центар на светскиот спорт. Јужна Кореја по вторпат во историјата ќе биде домаќин на Олимпијада, за првпат на зимска по летната што ја организира во Сеул во 1988 година, што по многу нешта се разликува од претходните. Ќе биде најмасовна досега со 2,952 олимпијци од 92 земји кои ќе учествуваат во 102 натпреварувања во седум спорта, односно, 15 дисциплини. Меѓу нив и тројца спортисти од Македонија – Антониот Ристевски (алпско скијање – слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри – спринт на 1,6 километри и трка на 15 километри) и Викторија Тодоровска (крос кантри – трка на 10 километри).

Свеченото отворање е во 20 часот по локално време, т.е. 12 часот по македонско со пренос на МРТ 1. На церемонијата заеднички ќе продефилираат спортистите од Јужна и од Северна Кореја кои ќе имаат и заедничка репрезентација на женскиот турнир во хокеј на мраз. Она што 23. ЗОИ ги прави поинакви од другите е суспензијата на Русија од Интернационалниот олимписки комитет која, сепак, ќе има 169 свои претставници како „независни спортисти“. Судбината на олимпискиот стадион во Пјонгчанг, град што се наоѓа на само 80 километри од најблиндираната граница на планетата, пак, ги прави Игрите единствени досега.

За подигнување на објектот беа потрошени 109 милиони долари (вкупните трошоци на Јужна Кореја за организација се проценуваат на 13 милијарди долари). Но, стадионот, како што е најавено, ќе биде урнат по само четири настани – отворање и затворање на Олимписките и на Параолимписките игри. Како причина за тоа се наведуваат екстремно ниските температури во областа во овој период од годината што зданието го прават нефункционално со оглед дека нема кровна конструкција.

Игрите во Пјонгчанг за првпат ќе опфатат неколку нови дисциплини како „биг ер“ во сноуборд, масовен старт во брзо лизгање, мешани парови во карлинг и екипен натпревар во алпско скијање.

Јужна Кореја стационира 600.000 војници во градот со околу 44.000 жители чија цел ќе биде безбедност на Игрите.

ЗОИ 2018 Јужна Кореја Отворање Пјонгчанг Русија Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.