Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза Грција-Турција: Егејот, море на пријателство или на конфликт

0
By Светлана Јовановска on February 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2018 18:25

Нова остра тензија помеѓу Турција и Грција изби овие денови. Причина се островите во Егејското Море поради кои, во 1996 година, за малку беше избегнат воен судир помеѓу овие две соседни земји и членки на НАТО.

Новата криза меѓу традиционалните непријатели избувна кога еден турски патролен брод се појави во грчките води во близина на оспоруваните острови во југоисточното Егејско Море. Грчките морнари ги обвинија турските морнари дека се обидуваат “да ги убијат” откако турскиот брод удрил во грчкиот. Во инцидентот никој не беше повреден.

Грчкиот брод од инцидентот со Турција

Инцидентот се случил во близина на островите Имиа (на грчки) или Кардак (на турски). Двете земји се во кавга околу тоа на која земја и припаѓаат овие ненаселени острови и тие се причина за континуиран конфликт помеѓу двете земји.

Во 1996 година американските посредници ја смирија кризата што двете земји ги доведе речиси на работ на војна. Но денес, Турција и САД се во кавга околу Сирија, па не се знае дали Вашингтон може да ја игра позитивната улога од пред 20 години.

Вербалната војна е во тек

На 13 февруари грчкото министерство го повика турскиот амбасадор во Атина а потоа Атина испрати соооштение во кое вели дека “опасните инциденти, како што се овие, кои ги ставаат во опасност човечките животи, се резултат на ескалацијата и провокативното однесување на Турција последните денови”.

На ова Анкара одговори со своја изјава во која се вели дека грчката страна “ги искривува фактите, како што тоа секогаш го прави”.

Турското министерство за надворешни работи тврдеше дека инцидентот бил предизвикан од “опасни маневри” извршени од страна на грчки брод на крајбрежната стража, ја обвини Грција за “зголемување на тензиите во Егејското Море” и испрати апел до Атина “да ги прекине овие опасни дејства”.

Подоцна Атина испрати одговор во кој се вели дека “Турција го изгуби здравиот разум; освен што го крши меѓународното право, таа покажува дека не ја познава географијата”.

Говорејќи на маргините на самитот на НАТО во Брисел, грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, ја обвини Турција за “провокативно однесување” и додаде дека земјата отишла предалеку во изјавите така што тоа не може повеќе да се толерира.

Турчинот Јилдирим и Гркот Ципрас во обид да го спуштат тонот

Изјавата на Каменос дојде по телефонската размена помеѓу премиерите на Грција и Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим, кои во вторникот се обидоа да ги намалат тензиите. Утредента, Јилдирим изјави дека Егејот треба да биде “море на пријателство” меѓу Грција и Турција. Според турскиот весник Хуријет, Јилдирим му рекол на Ципрас дека е подобро да се одбегнат тензии и додал дека премиерите се согласиле сите прашања да ги решаваат по политички и дипломатски канали.

Тензии и поради Кипар

И пред овој инцидент во регионот имаше тензии поради тоа што Кипар истражува дали има гас во источното Средоземно Море. Ова на Анкара не и се допадна и рече дека ќе ја спречи потрагата по гас.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 13 февруари, во говорот пред пратениците од неговата владејачка АКП, испратил предупредување до “оние што го пречекоруваат дозволеното во Кипар и во Егејското Море; нашите права во Егејското Море и Кипар не се разликуваат од оние во Африн”, рече Ердоган.  споредувајќи ја ситуацијата со последните настани во Африн во северниот дел на Сирија.

Таму турската војска се бори против курдските борци поддржани од САД. Овие Курди, според Турција, се закана за националната безбедност на Турција.

Денес во Анкара доаѓа шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон. Тема на средбите со турското раководство се заострените односи меѓу двете земји поради Сирија. Но, стаса и веста дека во исто време во Анкара доаѓа и американскиот амбасдор во Атина па нема сомнение дека ќе биде отворено и прашањето за тензиите помеѓу Турција и Грција во Егејот.

 

Алексис Ципрас Бинали Јилдирим вербална војна Грција Имиа Кардак НАТО САД тензии Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.