Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пацоли: Барам реакција од ЕУ за деструктивноста на Босна и Србија

0
By Нова ТВ on February 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 24, 2018 19:51

Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак не сакаше да го коментира неприсуството на претставници од Македонија и Албанија на конференцијата за евроинтеграција на Западниот Балкан која се одржа во Бања Лука ,,Имаше одредени компликации во организацијата на овој настан, но важно е дека Конференцијата беше успешна“, изјави Црнадак. Од шефовите на европските дипломатии, присуствувал само унгарскиот министер, Петер Сијарто а бил и известителот за Босна и Херцеговина  Кристиан  Преда.

За недобивањето покана се огласи косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли. Тој побара реакција од европските официјални лица, за како што пренесуваат медиумите од Приштина, „ деструктивно однесување на Сараево и на Белград“. ,,Босна и Сараево треба конечно да сфатат дека не може да има регионална соработка и добрососедство без рамноправно присуство и на Република Косово во сите регионални и европски организации. Ваквите ниски дипломатски напори, реалноста да се промени со деструктивно однесување на Босна и на Србија, се во спротивност со  обврските кои овие земји треба да ги исполнат на патот кон  Европската Унија“,рекол Пацоли.

Српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ која присуствуваше на конференцијата во Бања Лука рече дека Србија како лидер во регионот ќе и помогне на Босна да го пополни прашалникот од Европската Комисија. Таа му честиташе на својот босански колега Црнадак на упорноста и доследноста во намерата да ја организира  конференцијата и покрај потешкотиите што ги имал. Нема информација на кое ниво била претставена Црна Гора.

На еднодневната конференција своето учество го откажаа албанскиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати и македонскиот вицепремиер за евроинтеграција Бујар Османи, бидејќи организаторот – босанското министерство за надворешни работи не покани претставници од  Косово. Османи рече дека одлуката ја донел согласно интересите на државата. ,,Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ е помирувањето. И каква било иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија – рече Османи.

 

Западен Балкан конференција Османи Пацоли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.