Хуан Мартин дел Потро дочека да ја прослави највредната титула по Базел во 2013 година. Аргентинецот рано утрово го освои турнирот во Акапулко по триумфот во финалето против Кевин Андерсон со 6:4, 6:4 за прв АТП трофеј во 2018 година.
При искачување на тронот во Мексико елиминира тројца тенисери од топ 10 на ранг листата. Покрај јужноафриканскиот ривал кој е осми рекет во светот, Дел Потро претходно ги совлада и Доминик Тим (6), Александар Зверев (5), Давид Ферер и Миша Зверев.