Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во име на Македонија се извини за случајот Ел Масри

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 15:01

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров официјално се извини во името на Македонија за случајот со германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел-Масри, за незаконското апсење во 2004 година во Скопје, кој беше држен во изолација, а потоа и предаден ЦИА, во рамки на тајната програма на американската агенција  за предавање и мачење, која беше усвоена по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Официјално писмо со извинување од македонските власти доаѓа шест години по пресудата на Европскиот суд за човекови права, дека Македонија прекршила неколку одредби од Европската конвенција за човекови права.

Во писмото од 28 март оваа година,  Димитров изразува “искрено извинување и безрезервно жалење” за она што го опиша како “несоодветно однесување на нашите власти”, соопшти Фондацијата отворено општество во вторникот.

Димитров истакнува дека како резултат на тоа Ел Масри минал низ “неизмерни и болни искуства и претрпел сериозни физички и психички тортури“.

Ел-Масри тврдеше дека бил заробен во Македонија како дел од програмата на ЦИА и бил жртва на “невообичаено испорачување” на ЦИА. Тој ја посочи Македонија како одговорна за ова тешко искушение.

Тој тврди дека е неправедно уапсен во Македонија на 31 декември 2003 година, бил држен во изолација поради сомнеж за наводна поврзаност со терористички организации и бил малтретиран околу 23 дена. Потоа бил предаден на агенти на ЦИА, кои го одвеле во таен притворски комплекс во Авганистан, каде што останал до мај 2004 година.

Во 2009 година, Иницијативата за правда на Отворено општество започна процес пред Европскиот суд за човекови права во име на Ел Масри, со тврдење дека македонската полиција кон него се однесувала нечовечки и понижувачки, дека му била загрозена слободата на изразување, како и тоа дека му било загрозено правото на семеен живот и правото на правично судење.

Судот во 2012 година утврди дека Македонија прекршила неколку одредби од Европската конвенција за човекови права и одреди државата да му исплати оштета од 60.000 евра.

-Го поздравуваме извинувањето од владата до Ел-Масри и признавањето дека нејзините безбедносни служби ја прекршиле Европската конвенција за човекови права. Ова, секако, е напредок во однос на ставот што го имаат САД, кои продолжуваат да одбиваат да утврдат одговорност кај ЦИА, чии службеници се одговорни за овој ужасен случај или евентуално да признаат грешка во случајот со Ел-Масри, а камо ли да обезбедат оштета, изјави во вторникот, директорот на Иницијативата, Џејмс Голдстон.

Сепак, тој рече дека ова е само првиот чекор, и дека очекува Македонија допрва да отвори темелна истрага и да ги утврди одговорните за случајот.

Димитров Европски суд за човекови права Ел Масри извинување Македонија пресуда САД тероризам ЦИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.