НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авги: Брисел бара од Атина поголемо мнозинство зад можното решение

2
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот весник „Авги“, што важи за гласник на владејачката СИРИЗА, тврди дека наместо со 151 пратеник Атина добила совети и препораки од Брисел да собере 180 пратеници кои ќе дадат зелено светло за евентуалното решене.

– Според сигурни извори, грчката Влада добила добронамерни препораки и совети да побара евентуалниот договор за македонското прашање да биде изгласан со мнозинство од 180 пратеници. Заеднички именител на овие препораки е, договорот за да има трајност и стабилност, да се обезбеди широка политичка и парламентарна легитимност. Потребата за гласање на договорот со 180 пратеници, се чини, е поддржана од страна на претсеателот на комисијата, Жан Клод Јункер и од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерни, го пренесува МИА пишувањето на „Авги“.

Според весникот, овој став на Брисел е затоа што не постои убеденост дека договорот меѓу Атина и Скопје би имал иднина и перспектива, особено поради ставот на грчката опозиција и затоа се препорачува зголемено парламентарно мнозинство.

Весникот тврди дека меѓународната заедница се интересира, не само за позициите на владите во двете земји, туку и за ставот на останатите политички сили  во Македонија и во Грција.

– Според сигурни извори, меѓународната заедница покажува голем интерес и за лидерот на опозицијата во ПЈРМ, Христијан Мицковски, околу решавањето на прашањето за името. Се толкува досегашната негова претпазлива позиција и покрај фактот што ВМРО и понатаму е под контрола на националистот, поранешниот премер Никола Груевски. Од друга страна,  додека истите пораки стигнаа и до лидерот на грчката опозиција, Кирјакос Мицотакис, засега тој е далеку од претпазлив, пишува весникот и упатува критики до опозициската Нова демократија, особено за промената на позицијата по протестите за „одбрана на името Македонија“ во Солун и Атина.

Извори од Европската комисија за грчката телевизија „Стар“, демантирале дека од Атина било побарано договорот да биде изгласан со зголемено мнозинство и потсетиле на говорот на Јункер во грчкиот Парламент, кога рече дека Брисел нема да се меша во спорот, дека тој поддржува решение, но не е негова работа да дава предлози или насоки.

Авги Атина Брисел парламент преговори решение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.