НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв шок на СП 2018: Исланд ја запре Аргентина, Меси трагичар (Видео)

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дебитантот на Светските првенства го запре двократниот светски шампион. Исланд одигра 1:1 против Аргентина во Москва за прв резултатско изненадување на мундијалот во Русија. Агеро обезбедо водство за „гаучосите“ во 19 минута, само четири минути подоцна возврати Финбогасон и докрај промена немаше. Аргентинците го имаа поседот на топката, но определбата да влезат со неа во мрежа им се удри од глава. Не успеаја посериозно да го загрозат голот на Халдорсон од игра, а не успеаја ниту од белата точка во 64. минута. Меси промаши пенал што го изнуди Меза нути, пак, од неколку обиди од слободен удар и се самопромовира во трагичар на мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=I3RE-2tj9D0

Исланѓаните одиграа како што се договорија во соблекувална. Свесно ` препуштија на Аргентина да игра додека беа максимално концентрирани и дисциплинирани на „бункерот“ пред сопствениот гол што го подигнаа од самиот почеток. Намерата за прва реализација на СП ја бараа преку контри. Искористија една што им беше доволна да останат непоразени со стерилниот ривал од Јужна Америка чии фудбалери премногу се потпираа на ѕвездата на Барселона и со бесконечни и безидејни додавања не успеаја да го пробијат дефанизвниот блок на селекцијата од европскиот север.

Во групата Д вечерва и натпреварот меѓу Хрватска и Нигерија од 21 часот.

Аргентина – Исланд 1:1 (1:1)

Стадион: „Откритје арена“ во Москва. Гледачи: 44.190. Гл. судија: Симон Марцињак. Асистенти:  Павел Соколницки и Томаш Листкиевиц (сите тројца од Полска). Ж. картони: /. Стрелци: Агеро 19’ за Аргентина; Финбогасон 23’ за Исланд.

Аргентина (формација 4-2-3-1): Кабалеро – Салвио, Отаменди, Рохо, Таљафико – Маскерано, Биља (Банега 54’) – Меза (Игуаин 84’), Меси, Ди Марија (Павон 75’) – Агеро. Селектор: Хорхе Сампаоли.

Исланд (формација 4-5-1): Халдорсон – Магнусон, Р. Сигурдсон, Арнасон, Севарсон – Бјарнасон, Халфредсон, Г. Сигурдсон, Гунарсон (Скуласон 76’), Гудмундсон (Гисласон 63’) – Финбогасон (Б. Сигурдсон 89’). Селектор: Хеимир Халгримсон.

Аргентина Исланд Лионел Меси СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.