Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Уставните амандмани ќе се гласаат на 15 јануари

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 13:36

Комисиската расправа за амандманите на Уставот кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор ќе започне на 17 декември, пленарната седница на Собрането треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

-Денеска завршуваат последните две јавни распрви што ги организира Владата во Штип и во Тетово. Сега Владата има обврска да поднесе извештај до Собранието во однос на јавните расправи, како и предлог-амандмани кои ќе треба да се дебатираат во завршна фаза на пленарна седница. Согласно Деловникот, комисиската расправа ќе се случи на 17 декември на која ќе може да се предлагаат амандмани на предложените амандмани од страна на Владата. Со завршување на таа комисиска расправа која ќе тече според фазите што се предвидени во Деловникот, моите предвидувања се дека најрано на 9 јануари ќе се свика пленарна седница која треба да заврши на 15 јануари на која ќе се случи финално гласање на амандманите на Уставот, рече Џафери на заеднчката прес-конференција со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери рече дека таа не е во смисла дека некој не верува во некого туку се однесува на сите постапки и случувања околу функционирањето на институциите и затоа е веројатно апeлот да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот.

– По нашето исполнување на обвските на ред е Грција која ќе треба да го ратификува Договорот од Преспа во нејзиниот Парламент и протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, со што се заокружува овој процес, рече Џафери.

Тој додаде дека во тој контекст во Собранието е формирана Интерпартиска парламентарна група која работи на процесот на помирување и интеграцијата и која треба да излезе со конкретни предлози  во нејзина надлежност со што, вели, ќе дадат последен печат на она што е исполнување на нашите обврски од Преспанскиот договор.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што е направено во Албанија за македонското малцинство, претседателот на албанскиот Парламент Ручи посочи на законот за националните малцинства со кој се опфатени и правата на македонското национално малцинство, кој вели ги исполнува сите меѓународни стандарди за третманот на малцинствата.

– Општина Преспа каде што живеат жители припадници на македонското национално малцинство според параметрите кои се предвидени со новиот закон за територијална организација не ги исполнуваат потребните услови за да може да формираат општина. Сепак, како Влада, како држава, одлучивме тоа да го овозможиме за и тие да можат да функционираат како општина, да си изберат свој градоначалник и свој состав, како и сите други општини, рече Ручи наведувајќи  го тоа како пример за посветеност на албанската држава на македонското малцинство.

Запрашан зошто се среќава со претседалот на државата Ѓорге Иванов кога тој не ставил потпис на законот за јазици и на Договорот со Грција, Ручи рече дека е почестен од средбата, на која очекува да стане збор за повеќе прашања меѓу кои и за донесувањето на законот за националните малцинства во Албанија. Најави дека ќе побара од Иванов истото да се спроведе и во Македонија за албанската заедница која живее во земјава.

гласање седница Собрание уставни амандмани џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.