Холандија – Франција и Русија – Романија се полуфиналните двојки на Европското ракометно првенство во женска конкуренција. Големата четворка на континенталниот турнир беше позната по комплетирање на мечевите од последното петто коло во главната групна фаза.
„Триколорките“ беа убедливи против селекцијата на Србија (38:28) во групата 1, а Холандија со триумф на репрезентацијата на Германија со 27:21 го потврди првото место во групата 2 во која дури три тима на крајот завршија со идентичен број бодови. Но, профитираа Романките кои во мини табелата имаат најдобар меѓусебен скор во споредба со Норвешка и со Унгарија.
Полуфиналните мечеви на ЕП се закажани за петок. Од 17.30 часот ќе играат Русија – Романија, а од 21 часот ќе се пресметаат Холандија и Франција.
ЕП во ракомет (ж)
Главна фаза, 5 коло
Група 1
Шведска – Русија 39:30
Србија – Франција 28:38
Данска – Црна Гора 24:23
Табела: Русија 8, Франција 7, Шведска 5, Данска 4, Црна Гора 4, Србија 2.
Група 2
Холандија – Германија 27:21
Унгарија – Романија 31:29
Шпанија – Норвешка 26:33
Табела: Холандија 8, Романија 6, Норвешка 6, Унгарија 6, Германија 4, Шпанија 0.