Третиот натпреварувачки ден на Светското ракометно првенство за мажи ќе нуди шест дуели од второто коло во групите А и Ц. Особено внимание привлекуваат настапите на ко-домаќинот на турнирот, Германија чија репрезентација од 18.15 часот во Берлин ќе игра против Бразил. „Кариоките“ на стартот ја намачија Франција и загубија со 22:24 додека „панцирите“ беа убедливи над обединетата Кореја со 30:19.
Французите од 20.30 ч., пак, ќе играат со Србија која синоќа ремизира со Русија (30:30). Вториот круг во групата А го отвораат Русите и Корејците од 15.30 ч.
Три меча и во групата Ц во кои не се очекуваат сериозни проблеми за фавотитите. Австрија од 15 ч. ќе излезе на мегдан со Чиле, Норвешка од 17.30 ч. ќе се пресмета со Саудиска Арабија и во централниот термин во Хернинг (20.15 ч.) ќе играат Данска и Тунис.
Денеска на СП во ракомет (м)
Група А
Русија – Кореја (15.30 ч.)
Германија – Бразил (18.15 ч.)
Франција – Србија (20.30 ч.)
Група Ц
Австрија – Чиле (15 ч.)
Норвешка – Саудиска Арабија (17.30 ч.)
Данска – Тунис (20.15 ч.)