НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ле Монд“: Историска одлука на Македонија, на потег е Грција

0
By Нова ТВ on January 12, 2019 СВЕТ
Фото: politico.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француските медиуми опширно пишуваат за дадената согласност на Македонскиот парламент за промена на Уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.

Француското меѓународно радио (РФИ) насловува: „Македонија: историски договор во Парламентот за промена на името“ и понатаму наведува дека со ова „е ставен крај, или скоро крај, на старата кавга меѓу Грција и Македонија. При историското гласање „Македонскиот парламент прифати да ` даде ново име на земјата што од сега ќе се вика „Република Северна Македонија“. Договор кој според РФИ ќе и дозволи на Македонија целосно да се интегрира во меѓународната заедница, како зачленување во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ.

Сите француски и франкофонски медиуми забележуваат дека резултатот од гласањето бил „тесeн“ со само еден глас повеќе од потребното мнозинство и оти опозицијата учествувала освен дел од неа што гласаше како и парламентарното мнозинство. Ова е резимирано од страна на „Курие Интернасионал“, а притоа се нагласува дека „Ако Македонија сега го ратификувала договорот, на потег е грчкиот парламент“. Францускиот неделник го пренесува пишувањето на порталот „Политико“ од Брисел дека Алексис Ципрас се мачи да го обезбеди мнозинството по ова прашање, но дека гласањето се очекува да биде на некоја од наредните седници во грчкиот парламент.

„Ако помине, Македонија ќе му се приклучи на НАТО до крајот на годината“, во тој контекст агенцијата АФП, се осврнува на посетата на Ангела Меркел на Атина, каде таа ја поздрави „одлучувачката улога на Алексис Ципрас кој се зафати да го реши ова трнливо прашање“ за новото име на Македонија.

Агенцијата АФП ја пренесува изјавата на Меркел дека „Договорот ќе ` дозволи на Северна Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ“ и оти овој договор е од интерес на сите, на Македонија, на Грција, на цела Европа“.

Угледниот париски весник „Ле Монд“ нагласува дека процесот за историскиот договор склучен во јуни меѓу Скопје и Атина беше „долг и полн со пречки“. По одлуката на македонскиот парламент, сега Атина е таа која треба да го исполни својот дел од договорот за да се стави крај на спорот стар 27 години. Според „Ле Монд“ гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот и тоа е неизвесно.

Интересно е дека во сите текстови посветени на уставните промени, франкофонските медиуми пишуваат „Македонија“, „Македонски парламент“ или како што објави париски „Ла Круа“ непосредно пред гласањето под насловот „Епилог на повидок за новото име на Македонија“ во кое го цитира шефот на македонската дипломатија кој пред околу еден месец беше во Париз и каде на повеќе пати повтори „Ние ќе останеме Македонци, ние ќе продолжиме да зборуваме Македонски“.

Со други зборови како што заклучува весникот земјата нема да ја изгуби својата душа викајќи се „Република Северна Македонија“ потсетувајќи на зборовите на Димитров во Париз пред фондацијата Роберт Шуман „Чудата се можни, па дури и на Балканот“ – невозможното парламентарно мнозинство беше најдено во Македонија. Сега на ред е чудото во Грција.

гласање Македонија медиуми парламент промени реакции Устав Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.