Квалификацискиот турнир за Европското првенство за фудбалери до 17 години што во март требаше да се одигра во Шпанија ќе биде преместен најверојатно во Швајцарија.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се најде во тесно бидејќи Шпанија ја нема признато независноста на Косово, а со тоа не сака да истакнува косовско знаме ниту да интонира косовска химна за време на мечевите во групата во која, покрај домаќинот, се и репрезентациите на Украина и на Грција.
Со сличен проблем се соочија и каратистите од Косово на Светското првенство во Мадрид во 2018 година, па мора да настапат без обележја.