НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талески: Формацијата 6-0 во одбрана и играта до гол во напад даде резултат

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филип Талески, за разлика од претходните неколку настапи, имаше одлична вечер во Рејкјавик. Ракометарот на Рајн Некар Левен вгради пет гола во првата победа на македонската репрезентација на исландска почва (34:33) од кои четирипати ја тресеше противничката мрежа во второто полувреме во моменти во кој мечот лесно можеше да тргне во една или во друга насока. Презеде одговорност каква што се очекуваше и многупати досега од него и не погреши.

„Мора да бидеме задоволни од оваа победа. Одигравме меч со многу примени погодоци, но доста и постигнавме. Воведните 15-тина минути беа послаби во одбрана и Исланѓаните лесно нè пробиваа. Но, на полувреме се договоривме да смениме формација од 5-1 во 6-0 во дефанзива и да играме трпеливо, до гол, во напад. Тоа даде резултат“, истакна Талески по големиот триумф во Рејкјавик.

Но, Талески се осврна и на некоректен однос на јавноста кон ракометарите. Ја подотвори душата и изрази револт што репрезентацијата била мета на критики во изминатиот период.

„Револтиран сум што македонската јавност плука по нас. Јас од тоа влечам мотивација плус бидејќи знам дека можам и морам подобро и да бидам еден од носителите на игра на оваа репрезентација заедно, се разбира, со капитенот Кире Лазаров“, додаде Талески.

За Македонија ова е втора победа во квалификациите за Европското првенство во 2020 година со која целосно е анулиран изненадувачкиот пораз од Грција во Кожани. Реваншот против Исланд е веќе во недела во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

ЕП 2020 Исланд квалификации Македонија ракомет Филип Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.