НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кире Лазаров: Против Исланд користевме некои финти и на Раул

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/rfmofficial
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кире Лазаров како ретко кога досега имаше поддршка од соиграчите во напад во натпревар на македонската ракометна репрезентација. Ја доби кога беше најпотребно и најтешко, против Исланд во Рејкјавик за втора победа во групата 3 во квалификациите за ЕП 2020. Натпреварот го заврши како трет стрелец во националниот тим по крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Постигна шест гола и изрази задоволство по добиената голеада на теренот на кој „црвено-жолтите“ никогаш досега немаа победено.

„Ни треба победнички менталитет. Треба да веруваме дека можеме без разлика на противникот. Ова не го зборувам на памет. Имало болни порази, но останав на ставот дека поседуваме квалитет, дека Македонија е ракометна нација и цврсто стојам на тоа“, истакна капитенот на македонската ракометна репрезентација по настапот во Рејкјавик.

Среќен е поради победата, но истовремено навести дека Исланд ќе биде поинаков во реваншот во недела во Скопје. За синоќешниот дуел призна дека се користеле тактички замисли и на Раул Гонзалез оти периодот за подготовки бил краток и дека Брестовац објективно немаше доволно време за подготовки на селекцијата. На мегдан на Исланѓаните се излезе со само два тренинга и нецели два дена подготовки.

„Задоволен сум, секако. Одигравме цврст меч, со памет, и во секој момент знаевме што правиме и што сакаме да направиме. Да бидам искрен, користевме некои финти и од поранешниот селектор Раул Гонзалез, но ова што го велам не е за омаловажување на Данило Брестовац. Напротив. Му честитам за дебито и не сакам да му ја одземам победата. Реално гледано, одработивме само два тренинга и минавме пола ден во пат пред натпреварот. Објективно имавме ден, ден и пол за подготовки“, додаде Лазаров.

Покрај возвратниот дуел со Исланд на домашен терен, Македонија до крајот на квалификациите ја очекува и меч на гости со Турција и на домашен терен против Грција.

ЕП 2020 Исланд квалификации Кире Лазаров Македонија ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.