НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажните вести во нова офанзива: Европските избори се мета на напади

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 СВЕТ
Фото: medium.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во стравување од заканата на феноменот лажни вести во пресрет на овие десети по ред европски избори, владите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) создадоа „тимови“ за да ги спречат лажните вести. Европската комисија објави правила за справување со дезинформации. Се придружи и Фејсбук кој отвори т.н. воена соба со 40 вработени лица во Даблин за да се запре ширењето на лажните приказни на интернет. Но, и покрај овие напори, гласачите сé уште се соочуваат со софистицирана кампања за дезинформација на интернет

Неуспехот да се запрат дезинформации, вклучувајќи ги и пораките со говор на омраза за имиграцијата и исламот, широко распространети на социјалните медиуми, ги илустрира ограничувањата на актуелните напори на креаторите на политиката и на компаниите да се справат со она што стана проблем на изборите ширум светот

Ако до скоро групите кои работеа на манипулации со јавното мислење досега беа воглавно инспирирани од Кремљ, сега пејсажот очигледно се менува. Актерите вклучени во оваа закана за демократијата се мултиплицираа преку екстремистичките групаци во сите земји членки.

„Сè уште има многу работи што ни се потребни. Треба да се направи повеќе во однос на лажни профили и ботови, повеќе корекции се потребни на системите што ги воспоставивме и дефинитивно треба да дадеме повеќе простор за независна контрола. Овие групи ги менуваат и развиваат нивните тактики за пенетрација во интернет просторот“, изјави Џулијан Кинг, европски комесар задолжен за безбедноста.

Механизмите за пресретнување на лажните вести детектираат содржини кои шират антагонизм кон Европската унија, омраза кон етаблираните политички личности како францускиот Емануел Макрон и се разбира нивната дежурна тема каква што се мигрантите.

Аналитичарите велат дека е тешко да се измери влијанието на оваа операција, но, секако, не се безначајни особено во ситуации како во Франција каде што се води мртва трка меѓу претседателот Макрон и екстремната десница на Ле Пен во која секој глас може да има пресудно влијание

„Повеќето дезинформации се базирани на факти, а потоа манипулирани за да дојдат до поинаков заклучок”, изјави во интервју за Политико, Микаел Тофвесон, заменик-шеф на одделот во Шведската агенција за вонредни состојби, чиј тим е задолжен да се спротивстави на странските обиди за поткопување на демократските институции во овој европски изборен циклус.

Во рамките на националистичките Фејсбук групи, Твитер мрежите и веб-сајтовите што ги задоволуваат екстремните внатрешни политики, како на левицата така и на десницата, доминира мешавина од анти-естаблишмент, анти-имиграција и анти-ЕУ реторика. Содржината креирана во една земја честопати е брзо преведена и споделена со, или позајмени од, слични групи во други земји на ЕУ.

Во Италија на пример, тоа вклучува наводи дека Џорџ Сорос, сака да манипулира со исходот на европските избори. Во Германија, екстремистички групи шират вести за конспирација на левицата во случајот на откривање на аферата на австрискиот вицеканцелар. И во Франција, екстремно десничарските сајтови рутински ги истакнуваат наводните злосторства на африканските имигранти за да поттикнат омраза и поделби.

Оваа недела во пресрет на гласањето беа осомничени повеќе од 500 Фејсбук профили и групи низ цела Европа што шират лажни приказни или користат други манипулативни тактики за промовирање на екстремно десни или анти-ЕУ групи. Во Германија, јавната радиодифузна служба открила голема мрежа на веројатно автоматски Твитер сметки кои дистрибуираат десетици илјади пораки во корист на екстремистичката партија АФД.

Лажните вести се во нова офанзива, а демократските институции во дефанзива и обид да го најдат вистинското орудие со кое ќе го возвратат ударот.

Еролд Муслиу во лажните вести стана Хисен Муслиу

Европска унија Европски парламент избори лажни вести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.