Ливерпул е нов владетел во шампионската Лига на УЕФА. „Црвените“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид славеа над Тотенхем со 2:0 со головите на Мохамед Салах во втората минута од пенал и на Дивок Ориги во 87. минута. За тимот од „Енфилд“ ова е шеста титула во натпреварувањето (1977, 1978, 1981, 1984, 2005 година), за која досега играше девет пати и воедно прва по 2005 година во Истанбул, со која осамна на вечната листа на третото место. По пет пехари имаат Барселона и Баерн Минхен, втор е Милан со седум, а апсолутен лидер е Реал Мадрид со 13.
За германскиот менаџер, Јирген Клоп е прв европски во кариерата по двата пораза во финалните средби во ЛШ со Борусија Дортмунд во 2013 година и со Ливерпул лани.
Тотенхем, пак, играше во прво финале во ЛШ, а Маурисио Покетино ќе мора да чека на наредната прилика за прв трофеј со премиерлигашот од Лондон.
Во историја влезе и словенечкиот арбитар Дамир Скомина кој го досуди најбрзиот пенал во финалните мечеви на УЕФА куповите. Реализацијата на Салах е втора на листата на најбрзи. Лидер останува Паоло Малдини кој во истанбулската пресметка меѓу Милан и Ливерпул пред 14 години го совлада Јержи Дудек во 50. секунда.