НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дибиров: Има тимови што се институции, но никој нема срце како нас

0
By Нова ТВ on June 3, 2019 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред две години во финалето против ПСЖ (24:23), Тимур Дибиров постигна шест гола, оваа година во финалето против Веспрем (27:24) даде три за нова титула на Вардар во ракометната Лига на шампиони во третиот настап на Фајналфор турнирите во Келн. Првата е секогаш незаборавна, но втората е специфична по многу нешта.

Освоена е во тешки услови, без редовна исплата на плати, со еден куп проблеми со повреди, со неколку нови лица во ростерот и со најава на Сергеј Самсоненко дека повеќе не може сам да финансира. Го нема и тренерот и екс селектор, Раул Гонзалез алијас „ел команданте“ чија позиција храбро ја презеде неговиот сонародник Роберто Гарсија Парондо.

„Можеби бевме поуморни од нив бидејќи подоцна игравме во полуфиналето со Барселона, можеби бевме во подредена улога поради „помалата“ клупа, но нозете сами нè носеа во финалето и едноставно како да летавме по теренот. Со денови слушаме дека Барселона е институција како и Кил, но никој нема срце како нас“, истакна рускиот репрезентативец по втората победа во второто „црвено-црно“ финале во „Ланксес арена“ кој по победата над Веспрем објави фотографија на својот Инстаграм профил со пехарот во рака под која напиша „извини што те оставивме една година“.

Ако нивото на игра низ сезоната имаше осцилации, што на некој начин е логично по турбуленции, тогаш карактерот, срцето и желбата за машка, витешка, борба останаа недопрени. Па, дури и надградени за што ракометарите треба да бидат наградени со избегнување на судбината што лани ја доживеаја ракометарките.

„Ова чувство е неверојатно и неповторливо и доколку по ова не се најде некој да го спаси Вардар, ќе можеме да закачиме патики и да се пензионираме“, додаде Дибиров.

Дел од „црвено-црните“ веќе договорија трансфери и ќе заминат од Скопје – Дејан Милосављев во Фухсе Берлин, Игор Карачиќ во Кјелце, Дмитри Киселев во Чеховски Медведи. Но, засега, не и руското лево крило и до последен момент ќе чека разврска за иднината на клубот иако неодамна напиша проштална порака за збогување со Македонија и вардаровите навивачи.

Вардар Лига на шампиони ракомет Тимур Дибиров Титула финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.