Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поздрав од Вимблдон: Ѓоковиќ ја запеа „Македонско девојче“, Заев го кани на гости (Видео)

0
By Нова ТВ on July 6, 2019 СПОРТ
Фото: bleacherreport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 6, 2019 17:45

Не е никаква тајна дека Новак Ѓоковиќ има армија од македонски навивачи кои го бодрат секој негов настап на АТП турот, а особено на гренслемите, турнирите од Мастерс серијата 1.000 како и завршниот во сезоната и ја прославуваат секоја победа. Но, симпатичната видео снимка што е објавена на интернет платформите на крајот од првата натпреварувачка недела на Вимблдон не остави никого рамнодушен во земјава. Српскиот тениски маестро преку интернет се дружеше во живо со своите фанови, во еден момент го спомена туристичкиот бисер Охрид, а во наредниот ја пушти познатата песна „Македонско девојче“ и отпеа некој стих.

Потегот на моментно водечкиот светски тенисер допре и до премиерот Зоран Заев. Претседателот на Владата преку својот Фејсбук налог упати отворена покана до Ѓоковиќ за посета на земјава и воедно му посака успех на третиот гренслем во сезоната на кој Србинот ја брани титулата.

„Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата песна „Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и во Скопје и на сите други убави места во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани. Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех“, напиша Заев во постот на Фејсбук.

Ѓоковиќ е осминафиналист на Вимблдон и за пласман во топ 8 ќе играт против Французинот Иго Умбер. Во досегашните три настапи во Лондон, српскиот тенисер загуби само еден сет и тоа од Полјакот Хуберт Хуркач (7:5, 6:7, 6:1, 6:4) во третото коло по максималните победи над Германецот Филип Колшрајбер (6:3, 7:5, 6:3) и против Денис Кудла од САД (6:3, 6:2, 6:2).

„Македонско девојче“ Вимблдон Зоран Заев Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.