Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бурна ноќ во Франција: Алжирците со проблематична прослава на титулата на КАН

0
By Нова ТВ on July 20, 2019 СПОРТ
Фото: cafonline.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 20, 2019 15:59

Фудбалската репрезентација на Алжир по вторпат во историјата завладеа со африканскиот континент. Алжирците во финалето на турнирот во Египет го совладаа Сенегал со 1:0 и го повторија успехот од 1990 година за невидена еуфорија во земјата, но и во Франција.

Алжирскиот успех на Купот на африкански нации (КАН) значеше и полни раце работи за француската жандармерија. Неколку илјади навивачи на популарните „пустински лисици“ се собраа пред Триумфалната порта во Париз, како и во неколку други градови низ целата земја, на прослава на шампионската титула.

Илјадници луѓе се собраа и на Шанзелизе, област што беше обезбедувана од околу 2.500 полицајци. Околу еден часот по полноќ, во близина на Шанзелизе, навивачките групи ја испровоцираа полицијата која на употребата на пиротехнички средства и фрлање на стаклени шишиња и камења возврати со солзавец и за кратко време ја стабилизира ситуацијата.

Во текот на ноќта во Париз беа уапсени 102 лица од кои, според извештајот на Министерството за внатрешни работи, 86 завршија во притвор. Француските власти наведуваат дека низ целата земја биле уапсени 198 лица од кои 177 останале во притвор.

Најголемата прослава во Франција на успехот на КАН беше во Марсеј, каде се проценува дека на улиците излегле околу 25.000 Алжирци.

Алжир Куп на африкански нации прослава Сенегал финале Франција фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.