НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА Суперкуп во Истанбул: Ливерпул на пенали до четврта титула (Видео)

0
By Нова ТВ on August 15, 2019 СПОРТ
Фото: dailypost.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ливерпул по четврти пат го освои Суперкупот на УЕФА. Фудбалерите на актуелниот европски шампион беа подобри пеналџии од колегите од Челзи, актуелни владетели на трофејот во Лига Европа, во мечот на „Водафон арена“ во Истанбул и по 1977, 2001 и 2005 година се враќаат на „Енфилд“ со европскиот пехар за кој традиционално се игра на почетокот на секоја сезона.

Ливерпул и Челзи постигнаа по гол во основнииот дел на натпреварот. Оливие Жиру погоди во 36. минута за „сините“ од „Стемфорд Бриџ“, Садио Мане возврати за „црвените“ од „Енфилд“ во 48. минута. Мрежите мируваа до продолженијата, а во нив идентичен расплет – по гол на обете страни. Садио Мане со својот втор гол на средбата во 95. минута реализира за водство на Ливерпул на што Челзи одговори шест минути подоцна по ударот на Жоржињо од белата точка.

https://www.youtube.com/watch?v=XQcG26cBMJc

Победник во Истанбул немаше и по дополнителните пола час игра, па пеналите решаваа новиот Суперкуп титулар. За Ливерпул погодија сите пет изведувачи (Фирмињо, Фабињо, Ориги, Александер-Арнолд и Салах), за Челзи беа непогрешливи Жоржињо, Баркли, Маунт и Емерсон, но не и Абрахам чиј удар го одбрани Адриен и „сините“ останаа на единствениот пехар во натпреварите од ваков тип од 1998 година.

Мечот на Босфорот по многу нешта беше историски. За првпат за Суперкуп трофејот играа две англиски екипи, за првпат се играше во Истанбул, а Французинката Стефани Фрапар беше прва жена што судеше натпревар за УЕФА титула во машка конкуренција.

Истанбул Ливерпул Суперкуп УЕФА фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.