Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рустеми: Не почувствував сериозно влијание од Јанева што да кажам на распитот за „Рекет“

0
By Соња Петрушевска on August 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 16, 2019 14:53

Мојот исказ во Обвинителството за организиран криминал ќе даде придонес во делот на настаните поврзани со Поштенска Банка – рече обвинителот на СЈО Бурим Рустеми кој денеска беше повикан како сведок да даде исказ за случајот „Рекет“.

На новинарско прашање дали бил прашан и за станот на осомничен во Поштенска банка кој  бил изземен од замрзнување по наредба на Јанева, а потоа продаден на ексдиректорот на МЕПСО Сашо Василевски, Рустеми рече дека одговорил на сите прашања што му ги поставил обвинителот.

Рустеми беше повикан во Обвинителството откако обвинителката Лиле Стефанова објави дека Јанева на 16 април годинава ги повикала двајцата обвинители на состанок на кој таа побарала да се затворат истрагите за „Империја“ и за „Поштенска банка“.  Како што тврдеше Стефанова, Јанева од нив побарала до 6 мај обвинителите да достават писмени извештаи за штетата во двата предмети кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „ да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Рустеми и Стефанова изготвиле писмени извештаи  во кои покрај износите на штетата, ги навеле и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител.

Стефанова контра Јанева: Катица му го укина притворот и му го врати пасошот на Камчев

СЈО со нова истрага – делото на Георгиевски и Груевски застарело

Георгиевски: Главчев три пати ја менувал изјавата во СЈО на моја штета

За колегиумот кој во СЈО се одржал во понеделникот и на кој според обвинители од СЈО, Јанева им се заканила дека ако не ја поддржат ќе ги повлече и нив Рустеми рече дека нема изнесува детали, но додаде дека тој не почувствувал дека Јанева врши влијание што да каже на распитот.

„Јас не почувствував сериозно влијание за мојот исказ што го дадов денес, во спротивно ке пријавев ако влијаеше врз мене што да кажам денеска“ рече Рустеми.

Рустеми одби да одговори дали на прашањето дали Специјалната јавна обвинителка вчера проверувала кои документи по негов налог  биле изнесени  од СЈО – кога заминал на судењето за ТНТ, а требаше и да сведочи во Обвинителството за организиран криминал, и само рече дека  документите му ги донела неговата соработничка пред Судот.

Рустеми е трет обвинител од СЈО кој дава исказ како сведок во Обвинителството за борба против организираниот криминал за слуачјот „Рекет“. Во вторник во Обвинителство е повикана и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која се слуша на снимките што ги објави италијанскиот весник Ла верита како зборува со осомничениот во случајот „Империја“ Орце Камчев и му вели дека „се ќе биде ок“.

Катица Јанева Рекет Рустеми СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.