НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен саем во Солун со најмалку шест протести и еден против Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on September 7, 2019 СВЕТ
Фото: newsbomb.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со низа протести, меѓу кои и еден против Договорот од Преспа, со обраќање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и под силни безбедносни мерки денеска се отвора 84. издание на Меѓународниот саем во Солун.

Центар на економските и политички случувања и вниманието на грчката јавност викендот ќе биде насочено кон Солун каде премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис како и секоја година, со традиционалниот говор на отворањето ќе ги открие следните чекори и активности на неговата влада.

Саемот по традиција е проследен со низа протести, а во пресрет на годинашното издание беа закажани најмалку шест. Двата најголеми синдиката на вработените во приватниот и во државниот сектор ќе одржат заеднички протест, синдикатот на Комунистичката партија ќе протестира посебно, а свои собири закажаа и левичарски здруженија, партии и организации, како и анархистички групи. Одделен протест, преку социјалните мрежи, организираат и лица кои се против Договорот од Преспа. За безбедноста се ангажирани над 3.000 полицајци, а специјални единици во Солун пристигнаа од грчката престолнина.

Општина Солун, според грчката државна телевизија ЕРТ, ги отстранила кантите за отпадоци и контејнерите од улиците каде што е планирано да поминат демонстрантите, а Здружението на трговци побарало од сопствениците на продавници да преземат превентивни мерки.

На Меѓународниот саем под мотото „Претприемништво, иновации и екстровертност“ што ќе трае до 15 септември, ќе учествуваат 1.600 изложувачи, бројка што е поголема во споредба со лани. Претставници ќе има од 18 земји, а Индија е почесна земја.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кој од вчера е во Солун, денеска ќе одржи средба со претставниците на управниот одбор на саемот, веднаш потоа ќе ги посети штандовите, а во 20 часот по локално време ќе се обрати на свеченото отворање.

Грција Договор од Преспа Кирјакос Мицотакис Меѓународен саем обраќање протести Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.