НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Платите на просветарите за две години се кумулативно покачени за 21,3 отсто

0
By Нова ТВ on November 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во основното, во средното и во високото образование се изборија за трето покачување на платите во последните 24 месеци со кое на нивните сметки од јануари ќе легнат нови 10 проценти. Просветарите минатиот и овој септември добија по пет отсто.

Министерот за образование Арбер Адеми и претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од Јаким Неделков вчера ги договорија новите 10 проценти покачување на платите што ќе важи од 1 јануари 2020 година.

За министерот Адеми ова е историски момент затоа што ова е, како што рече, трето покачување на платите на наставниците и професорите по пет процентните во септември во 2018 година и во септември оваа година, нагласувајќи дека кумулативно се зголемени за 21,3 отсто во еден мандат.

За поместување на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат издвоени дополнителни 1,4 милијарди денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат и повисоки плати и дека МОН секогаш ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по вчерашниот договор истакна дека е задоволен од исходот на, како што рече, последната рунда преговори со министерот за образование, но нагласи дека ова не значи затворање на прашањето за статусот на наставниците. Најави дека е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, враќање на реални трошоци за превоз до работното место и назад, реалното вреднување на работата во комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителни часови во наставата, итн.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција по објавувањето на договорот меѓу МОН и СОНК рече дека владата што тие ја предводеле склучила колективен договор со кој што се предвидувало динамично зголемување на платите од 25 проценти и дека оваа влада за три години на власт не направила никакво зголемување на платите со што според него, се прекршува колективениот договор.

Од опозицијата велат дека го поддржуваат секое зголемување на платите на работниците што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Арбер Адеми Договор Јаким Неделков МОН плати СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.