НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мечот меѓу Косово и Англија во втор план: Фала ви што ни помогнавте во војната

0
By Нова ТВ on November 18, 2019 СПОРТ
Фото: standard.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Англиската фудбалска репрезентација наиде на топло добредојде во Приштина во последниот меч во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. „Гордиот Албион“ и пред настапот на стадионот „Фадил Вокри“ го завери учеството на континенталниот турнир во наредното лето додека домашната селекција по поразот од Чешка ги загуби шансите за второ место во групата А. Па, гостувањето на тимот на Герет Саутгејт беше искористено за пораки од трибините.

„На Косово нема место за расизам. Нашата куќа е куќа и на нашиот пријател“, гласеше една од нив.

Интонирањето на двете химни мина со картонски знамиња во рацете на гледачите. И за време на косовската и за време на англиската, а зад еден од головите беше растегнат и транспарент на кој пишуваше „Добредојдовте сакани Англичани и почит“ и „Додека проживувавме геноцид и силување на жени, вие ја негувавте нашата надеж за слобода. Засекогаш благодарни на Англија“.

„Навивачите на Косово се заблагодарија на Англија за помошта за време на војната во доцните 90-ти години од минатиот век“, гласеше констатацијата на познатиот британски таблоид „Сан“ при пренесување на атмосферата од стадионот во Приштина.

Што се однесува до самиот меч, Англичаните победија со 4:0 со головите на Хари Винкс во 32. минута, на Хари Кејн во 79. минута, на Маркус Рашфорд во 83. минута и на Мејсон Маунт во судиското надополнување.

Квалификации за ЕП 2020

Група А

Косово – Англија 0:4

Бугарија – Чешка 1:0

Табела: Англија 21, Чешка 15, Косово 11, Бугарија 6, Црна Гора 3.

Група Б

Србија – Украина 2:2

Луксембург – Португалија 0:2

Табела: Украина 20, Португалија 17, Србија 14, Луксембург 4, Литванија 1.

Група Х

Албанија – Франција 0:2

Андора – Турција 0:2

Молдавија – Исланд 1:2

Табела: Франција 25, Турција 23, Исланд 19, Албанија 13, Андора 4, Молдавија 3.

Англија ЕП 2020 квалификации Косово Приштина фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.