НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се чека последниот пас од Шпанија за НАТО: Заев – Санчез денеска во Лондон

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанија е последната земја членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано Протоколот за членство на Македонија во Алијансата. Во земјата, во првата половина на ноември, се одржаа парламентарни избори на кои победи Социјалистичката партија на Педро Санчез и се чека на формирање на новата Влада.

Новиот премиерски кабинет во Шпанија се најавува дека ќе биде формиран наскоро и по што, според неофицијални извори на НоваТВ, се очекува формалност при постапката за ратификација на Протоколот во шпанскиот Сенат.

Претпоследна земја членка што го ратификува Протоколот беше Франција што, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е силна политичка порака.

За денеска во Лондон се очекува средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев со неговиот шпански колега, Педро Санчез во рамки на дводневниот Самит на НАТО во англиската престолнина на кој Алијансата го прославува 70. роденден од формирањето. Двајцата државници во текот на минатиот месец остварија телефонски разговор по кој Заев рече дека добил уверување од Санчез дека Владата во Шпанија наскоро ќе се формира.

Ратификацијата на протоколот во Шпанија предизвика препукување меѓу власта и опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека пратеничката група ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на договорот со одложено дејство што ќе биде полноправно оној момент кога сите 29 членки ќе ја завршат процедурата, како што тоа го направила Црна Гора пред американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат постапката.

Фото: javno.mk

Во ваквиот потег на најголемата опозициска партија лежи стравот дека власта, актуелната ситуација со одолговлекувањето на ратификацијата во Шпанија, сака да ја искористи за одложување на изборите планирани за 12 април наредната година. Од СДСМ велат дека нема да ја прифатат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Според социјалдемократите, додека Шпанија не го каже последниот збор, ништо конкретно нема да има во македонскиот парламент.

Сомневајќи се во намерата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, од него бараат да ги подржи измените во законот за одбрана со кои се прави стандардизација на АРМ со НАТО. Во Владата нема конкретна иницијатива околу усвојувањето на договорот со НАТО, но велат дека таквата иницијатива треба да помине на некоја од наредните владини седници, а потоа ќе се достави во Собранието.

Мицкоски од друга страна на одговорот на СДСМ возврати со обвинувања. Според него, власта по секоја цена се обидува да ги одложи изборите од кои ќе претрпи, како што вели, историски пораз. Вицепремиерката Радмила Шекеринска деновиве рече дека во случај на доцнења за ратификација на протоколот од Шпанија, предвидените избори на 12 април во 2020 година може да се одложат. Според неа, ова се прави за да не се доведе во опасност членството во НАТО.

Фото: 365.com.mk

И исклучените пратеници од ВМРО, се вклучија во дебатата и го обвинија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за лицемерство. Побараа и негова оставка.

„Христијан Мицкоски, кој неколку пати го негира и потценува Јенс Столтенберг, Генералниот Секретар на НАТО, дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи на пратениците да потпишат иницијатива заСеверна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО“, реагираше независната осумка.

Македонија НАТО Протокол ратификација членство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.