Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санкции на САД за Северен тек 2, Германија, Русија и Турција најавија реципроцитет

0
By Нова ТВ on December 21, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2019 12:37

Санкциите против компаниите кои работат на рускиот гасовод „Северен тек 2“, вклучени во воениот буџет за фискалната 2020 година тежок 738 милијарди долари, а потпишани од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија на сила, соопшти Министерството за финансии на САД. Германија и Русија го осудија потегот на официјален Вашингтон и најавија реципрочни мерки. Со идентична реакција се јави и Турција, бидејќи дел од Законот се однесува и на гасоводот „Турски тек“.

Во соопштението на американската администрација се предупредува дека сите страни кои намерно продале, изнајмиле или обезбедиле бродови за учество во инсталацијата на цевки на длабочина од 30,5 метри или повеќе во рамките на изградбата на гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“, во согласност со режимот на американски санкции, мора да ги повлечат тие бродови.

Швајцарско-холандската компанија „Олсиз“ соопшти дека ги прекинала сите активности за инсталирање на гасоводот „Северен тек 2“, поради санкциите на САД.

Компанијата наведе дека ќе постапи во согласност со одредбите од Законот за воен буџет на САД и дека американските власти очекуваат насоки за регулаторните и техничките прашања и појаснувања во врска со заштитата на животната средина.

Фото: independent.co.uk

 

Одлуката на „Олсиз“ го доведува во прашање завршувањето на проектот, вреден 11 милијарди американски долари, што ќе го удвои капацитетот на гасоводот за Германија и што Москва го најави дека ќе биде готов за неколку месеци.

Проектот „Северен тек 2“ вклучува изградба на два нафтоводни крака со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, што ќе тече од руското крајбрежје преку Балтичкото Море до Германија.

Американскиот Сенат во средата го одобри буџетот за одбрана, кој предвидува, меѓу другото, наметнување санкции за компаниите кои работат на големиот руски проект за гас.

Буџетот за одбранбената политика, вреден повеќе долари, формално познат како Закон за одобрување на националната одбрана (НДАА), опфаќа широк спектар на одбранбена политика и воени трошоци. Трамп воедно најави и формирање на вонземски сили како шеста гранка во армијата на САД во рамки на воената авијација.

„Северен тек 2“ гасовод Германија Русија САД санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.