НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова ТВ дознава: Методологијата за проширување на ЕУ на 5 февруари

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: livemint.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата методологија за проширување на Европската унија ќе биде презентирана на 5 феверуари, дознава Нова ТВ од дипломатски кругови од Брисел. Веста е само потврда на вчерашната порака на Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија (ЕК), дека извештајот за новата методологија на преговори нема да биде објавен на 29 јануари како што се очекуваше.

Таа додаде дека ЕК никогаш официјално не соопштила оти извештајот ќе биде објавен на 29 јануари и нагласи дека ќе нема извештај на тој датум. Извештајот за новата преговарачка методологија на ЕУ во процесот на проширување е еден од неформалните услови побарани од страна на Франција, услов кој го поддржуваат и низа други земји членки на ЕУ.

Фото: albanianews.it

Писонеро најави дека во пресрет на состанокот на шефови на држави и влади на ЕУ и Западен Балкан во Загреб во мај ќе биде објавен и економски инвестициски план за регионот чија цел е да се „интензивира присуството“ на Унијата во процесот што ќе биде од корист на двете страни.

Информацијата на Нова ТВ е на неколку часа до денешната посета на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара токму за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес.

Фото: irishtimes.com

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на првиот човек на Европскиот совет, кој во земјава ќе допатува од Тирана. Пендаровски и Мишел попладнево ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Посетата на првиот човек на Европскиот совет, доаѓа десетина дена откако во Скопје допатува еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји. Тој ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Северна Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.

Европска комисија ЕУ Извештај Македонија Методологија преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.