Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ го поздрави донесувањето на Законот за Јавно Обвинителство

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 08:56

Сноп позитивни реакции од високи претставници на Европската Унија (ЕУ), но и од министри на земји-членки за изгласаните Закони за Јавно Обвинителство и за Советот на јавни обвинители по кои македонското Собрание се самораспушти. Меѓу првите се јави Комесарот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел кој изрази задоволство од донесување на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Борел истакна дека веста за усвојување на Законот за ЈО ја дознал лично од министерот за надворешни работи Никола Димитров додека летале заедно од Минхен кон Брисел.

„Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека Северна Македонија има волја да направи се што е потребно за земјата да има европска перспектива“, посочи Борел.

Тој додаде дека уште денеска ќе се разговара за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот. Борел синоќа во Брисел учествуваше и на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан во организација на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Сега е на ЕУ, конечно, да испорача, откако Северна Македонија го усвои Законот за Јавно обвинителство, напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот.

„Добри вести од нашите пријатели од Северна Македонија. Парламентот штотуку го усвои двотретинскиот Закон за Јавното обвинителство. Натамошен чекор кон владеење на правото и европската иднина на Северна Македонија. Сега е на ЕУ, конечно, да испорача, напиша Рот на својот Твитер налог.

Фон дер Лајен: Се надеваме дека С. Македонија и Албанија ќе почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб

Пред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија.

„Знаете дека Западен Балкан е приоритет за ЕК и мислам дека е во заеднички геостратешки интерес да се приближи регионот кон ЕУ“, посочи Фон дер Лајен.

Таа додаде дека нова методологија треба да ја обнови довербата помеѓу сите страни и да ги забрза структурните реформи.

„Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со тек на време земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло“, посочи Фон дер Лајен.

ЕУ Жозеп Борел Македонија Михаел Рот преговори реакции Урсула фон дер Лајен членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.