Во овие денови кога сите се бориме со заканата од коронавирусот, стигнаа добри вести од Мадрид. Шпанскиот сенат пред малку го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е постот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
Со ова, напиша тој, сите 29 земји членки го ратификуваа Протоколот, Северна Македонија и официјално станува 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот.
„Нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас ќе биде рамноправен со гласовите на најмоќните држави. Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но и подобар животен стандард“, истакна Заев.
Сега кога една од двете стратешки цели на генерации наши граѓани е остварена, наведе Заев, „ќе продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ“.