Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западен Балкан со заеднички апел до Сасоли и Фон дер Лајен за помош од ЕУ

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: ba.n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2020 14:40

Земјите од Западен Балкан со заеднички апел до Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент, и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, да бидат изземени од одлуката за извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да останат заеднички континентален одговор во соочувањето на пандемијата на коронавирус.

„Свесни за сложеноста на моментот во кој се наоѓаме и проблемите со кои се соочуваме како последица на пандемијата на Ковид-19, сакаме заеднички да укажеме на многу неповолната и предизвикувачка ситуација во која е регионот на Западен Балкан, како во поглед на бројот на заразени лица, така и во поглед на недоволната опременост на здравствениот систем со адекватна медицинска опрема и апарати што се неопходни за успешна превенција, лечење и спречување на натамошно ширење на коронавирус. Затоа, повеќе од кога било, ни треба солидарност, координиран пристап и заедничко делување“, е наведено во заедничкиот документ до Сасоли и Фон дер Лајен.

Потписници на апелот се Талат Џафери, претседател на Собранието на Македонија, Маја Гојковиќ, претседателка на Собранието на Србија, Иван Брајовиќ, претседател на Собранието на Црна Гора, Вјоса Османи, претседателка на Собранието на Косово, Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Албанија, Драган Човиќ, претседателот со Домот на народите во Парламентарното собрание на БиХ и Денис Звиздиќ, претседавач со Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.

„Апелираме да ја разгледате можноста за вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ+ шемата за дозволи за извоз, да овозможите на регионот на Западен Балкан да пристапи кон Договорот за заеднички набавки на медицински противмерки и на тој начин да учествува во заедничките јавни набавки на медицинска и заштитна опрема во борбата против коронавирусот, да ја разгледате можноста на регионот на Западен Балкан да се овозможи пренасочување на неискористените средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) за борба против пандемијата на Ковид-19, како и користење на сите други средства од различните фондови на Европската Унија што стојат на располагање за оваа цел“, се барањата на претседателите и претседавачите на Собранијата во шесте земји од регионот.

апел Давид Сасоли ЕУ Западен Балкан Медицинска опрема помош Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.