НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Применуваниот концепт спречува геометриска прогресија

0
By Нова ТВ on April 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија, е оценка на претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор, додавајќи дека фразата „ние сме дел од светот“ овојпат е потполно точна и во географска и во суштинска смисла, а нашата единствена шанса да ја пребродиме кризата е само во сојуз со останатите, особено со земјите-членки на НАТО и на Европската Унија

Глобални зарази, вели тој, имало и порано, но тие никогаш не ги погодиле и најсиромашните и најбогатите земји во светот во исто време, така што, практично, „немате дел од планетата од каде што може да побарате помош“. Отежнителна околност, потенцира, е што нема лек за болеста, а дури и најоптимистичките сценарија за пронаоѓање и примена на вакцина шпекулираат со крајот на годината.

Претседателот Пендаровски истакнува дека евентуално воведување порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, како што вели, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија.

„Прогресијата во бројот на инфицирани и починати се случува практично секаде во светот, дури и во Вухан се зборува за втор бран. Но, споредбено со регионот и со европските земји, ние сме далеку од најзагрозената група на држави. Како што беше констатирано и на последниот Совет за безбедност, во однос на рестриктивните мерки ние бевме меѓу првите во Европа кои во тој дел реагираа на време и со воведување на вонредната состојба и со полицискиот час. Евентуалното воведување на порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија“, истакнува претседателот.
За него најголем страв бил и останува во делот на економијата, особено приходната страна на Буџетот. Се разбира, вели, тука не ја вбројувам загриженоста за здравјето и животите на нашите граѓани, што е апсолутно наш најголем приоритет.
„Во ситуација кога имаме затворени граници и забрана за движење во поголемиот дел од денот, јасно е дека е економијата не може да бележи позитивни резултати. Добро е што Владата досега во два наврата донесе сет економски мерки што ги ублажуваат економските последици, иако јас очекувам дека како што ќе се пролонгира оваа криза, следните недели, ќе има потреба и од дополнителен сет на мерки“, наведува Пендаровски во интервјуто за Фактор и додава дека според темпото на развој на епидемијата, најцрните сценарија (Италија, Шпанија) најверојатно ќе нè заобиколат, така што дупката во Буџетот нема да биде екстремно голема.
Во интервјуто претседателот зборува и за помошта од ЕУ и НАТО, како и за зачленувњето на нашата земја во НАТО Алијансата и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
„Жал ми е што еден чин како што е зачленувањето во НАТО кое без дилеми е во ранг на референдумот за независност од 1991 година или зачленувањето во ООН во 1993 година, заради актуалната криза не можевме да го одбележиме како што доликува. Инаку, јас посебно емотивно го доживувам сето тоа, затоа што речиси 20 години работам на проблематика поврзана со нашите евро-атлантски интеграции, почнувајќи од советувањето на двајца македонски претседатели за прашања од надворешната политика и безбедноста, се до последната моја административна позиција – национален координатор за НАТО. Многу ми е жал што некои од луѓето со кои заедно работевме за истата кауза повеќе не се меѓу нас, како претседателот Борис Трајковски, кој навистина направи многу на тој план“, истакнува Пендаровски во интервјуто.
За тоа кој е капацитетот за преговори за членство, вели дека веќе неколку пати во јавноста тоа го кажувал и стои зад тој став дека сме најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, ако се споредуваат сите земји – кандидати од 1990-тите до денес, во моментот кога го стекнувале тој статус.
„Нашите преговарачки тимови беа подготвени уште во 2005-та, а поддршката од граѓаните била секогаш огромна“, вели претседателот.
економија ЕУ интервју Коронавирус Македонија НАТО Стево Пендаровски членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.