Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите за надворешни работи од Западен Балкан со барање до ЕУ за изземање од режимот на извозни рестрикции

0
By Нова ТВ on April 9, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: mfa.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2020 12:04

На иницијатива на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан денеска испратија писмо до Комесарот за трговија Фил Хоган, до Комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и до Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел со барање за изземање на државите од регионот од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции, односно специјални извозни дозволи.

„Коронавирусот се прошири во сите делови на европскиот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и взаемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со коронавирусот се здравствените работници, сите заедно мора да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа ние, партнерите од регионот се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европјани работиме заедно за успешно да се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик“, се вели во заедничкиот допис на министите за надворешните работи на земјите од Западен Балкан до официјалните претставници на ЕУ во Брисел.

барање ЕУ извоз Медицинска опрема МНР Никола Димитров режим рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.