НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ за македонската економија: Годинава пад од 4 отсто, наредната раст од 7 отсто

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновата проекција на Меѓунродниот Монетарен Фонд (ММФ) е дека македонската економија годинава ќе има пад од четири проценти, но за следната предвидува раст од седум отсто. Во извештајот објавен вчера, се наведува дека Владата брзо одговорила со целни мерки и со привремена фискална поддршка за амортизирање на социјалниот и економски удар од кризата и за заштита на ликвидноста на компаниите, за зачувување на работните места и помош на невработените и најранливи категории граѓани, додека Народната банка ја намали основната каматна стапка и направи измени во регулативата за да овозможи на комерцијалните банки да го реструктуираат долгот на компаниите и граѓаните.

„Владата останува цврсто посветена на заштита на стабилноста на монетарниот и на финансискиот сектор и презема соодветни мерки што би биле неопходни“, наведуваат од ММФ и додаваат дека Владата изрази силна заложба штом ќе заврши кризата од ковид 19 да спроведе структурна реформска агенда за опоравување од кризата.

.ММФ, како што стои во извештајот, останува подготвен да ја поддржува Северна Македонија во борбата со пандемијата и опоравување на економијата. Се додава дека од ММФ се побарани 176 милиони евра и се оценува дека земјата е во можност и има капцитет да го сервисира долгот. За јавниот долг на државата наведува дека останува одржлив, но оти има зголемени ризици.

Во најновиот извештај на ММФ се предвидува пад на сите економии во регионот. Во Црна Гора и Хрватска од девет отсто, Албанија, БиХ и Косово од пет отсто, Бугарија четири и Србија три отсто.

За 2021 година проекциите за земјите од регионот се дека растот на БДП ќе се движи од 3,5 до осум отсто.

ММФ предвидува највисок раст од 8 отсто во 2021 година да имаат албанската економија, потоа Србија и Косово со 7,5, следи македонската економија со 7 отсто, Црна Гора со 6,5 отсто, Бугарија со 6, Хрватска со 4,9 отсто и Босна и Херцеговина со 3,5 отсто.

економија Коронавирус Македонија ММФ Пад проекција раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.