НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Собранието може да заседава само по изборите, секој друг начин е обид за пуч

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема можност за свикување на распуштениот парламентраен состав. Собранието може да се врати само по следните избори, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери за време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Џафери вели дека секој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тврди дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот, но, како што нагласува „со Собранието е веќе завршено“.

„На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. Собранието ќе се собере по наредните избори“, вели собранискиот спикер, коментирајќи ја иницијативата за повторно свикување на законодавниот дом.

Ваквиот став на Џафери доаѓа по иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието за, според владеачката партија, за седница на која би се потврдиле одлуките за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски од 18 март, односно 17 април, но би било добро, како што велат, да биде и контролен механизам на Владата која во изминатиот период носи уредби со законска сила. За претседателот на Парламентот, сепак, „нема можност за такво нешто“.

„Собранието може да се врати само на следните избори и тоа може да го стори народот“, изјави Џафери.

Против иницијативата на СДСМ за свикување на парламентарниот состав се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ избори Иницијатива Македонија пуч Свикување СДСМ Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.