НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки. Само ако сите ги почитуваме мерките и забраните, ќе можеме да се заштитиме од пандемијата. Ако ние политичарите не се придржуваме на одлуките и забраните, ако ние даваме погрешен и срамен пример пред граѓаните, тогаш не треба ни да се занимаваме со политика“, се вели во постот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
„Не му е првпат на лидерот на опозицијата да покажува, ем со зборови, ем на дело, незрело и неодговорно однесување во врска со пандемијата. Не му е првпат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да не ги почитува мерките и дрско да лаже и да ја манипулира јавноста во врска со тоа. Но, неговите лаги се плитки, на неговите лаги им се куси нозете“, напиша Заев.
Како што никој не веруваше во приказната за мали деца за „отсјајот во теретаната“, наведе Заев, така сега никој не верува во приказната дека лидерот на опозицијата не бил информиран доволно за новите протоколи.
„Па, како е можно да не бил информиран, кога министерот за внатрешни работи постојано кажува дека редовно го информира својот шеф за сите одлуки и мерки на Владата? – Како е можно Мицкоски да не знаел дека неговата „средба со познаници во една скопска кафеана“ е арогантно кршење на правилата за заштита на здравјето? – Граѓаните со право го осудуваат незрелото, лицемерно, непринципиелно и неодговорно однесување на политичарите како Мицкоски. Граѓаните знаат дека неговото извинување е лажно. За неговото грубо кршење на здравствените мерки тој ја обвинува власта, небаре власта го однесе во кафана во време на забрана. Наместо искрено да се извини и да ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што тој ги прекрши, се одлучил власта да му биде крива. За политичари кои дрско, арогантно и безобразно кршат здравствени протоколи, не треба да има место во политиката. Политичари кои дење лицемерно глумат дека се загрижени за здравјето на граѓаните, а навечер ги кршат здравствените мерки, привилегирани политичари кои мислат дека теретаните и кафаните треба да бидат отворени само за нив, ќе добијат силно НЕ од граѓаните“, порача Заев на Фејсбук.
здравје Зоран Заев Коронавирус мерки Пост Фејсбук Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.