НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски уште денеска ги повика Заев и Мицкоски на средба: Немаме време за губење

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повик до лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да седнат уште денеска и да се договорат околу датумот за одржување на предвремените парламентарни избори упати претседателот Стево Пендаровски во своето пладневно обраќање до нацијата. Државните интереси, нагласи Пендаровски, мора да бидат над личните и над партиските. Во спротивно, нагласи македонскиот претседател, се заканува продлабочување на кризата.

„Државните интереси мора да бидат над личните и над партиските. Јас сум подготвен уште денеска да седнеме и да разговараме за начините за излез од кризата. Веднаш по завршување на ова мое обраќање, ќе остварам телефонски контакт со двајцата лидери. Знам дека поголемиот број од нашите граѓани не размислуваат за избори. Но, избори и во време на коронавирусот се неопходни за да добиеме функционален парламент и легитимна политичка влада наместо техничка“, потенцира Пендаровски.

Тој истакна дека во изминатите денови остварил имал комуникација со лидерите на партиите и со меѓународната заедница. Заклучокот, вели македонскиот претседател, е дека и власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР и дека ДИК во соработка со Комисијата за заразни болести треба да изготват безбедносни протоколи за гласање. Но, за жал, рече Пендаровски, тоа не е случај и со датумот за избори за кој двете страни се разликуваат од осум до 15 дена.

Претседателот на државата притоа ја нагласи потребата од инклузивност на изборниот процес, оти спротивното ќе значи влез во политичка криза, а ако се земат во предвид и хибридните закани тоа понатаму би можело да прерасне и во безбедносна криза.

„Време за губење немаме“, порача Пендаровски.

Евентуален состанок денеска не би бил во формат каков што имаа последните две лидерски средби од причина што, според Пендаровски, е познат ставот на останатите лидери на политичките партии во врска со датумот за избори.

„Ако сакате и поименично ќе кажам, но еве ќе кажам дека сите останати се за избори на 5 или на 19 јули“. рече Пендаровски.

Во случај да не падне договор за датумот на избори до утре на полноќ кога истекува четвртата одлука за вонредна состојба, претседателот Пендаровски спомена сценарио и во понеделник, на пример, да прогласи вонредна состојба за неколку дена доколку лидерите договорат датум што би бил по 5 јули.

Пендаровски во обраќањето истакна дека нема да прогласи нова вонредна состојба по досегашните четири од кои две беа во времетрање од 30 дена и две за период од 14 дена.

датум Зоран Заев избори претседател средба Стево Пендаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.