Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборна анкета во САД: Бајден води осум поени пред Трамп

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 СВЕТ
Фото: zeenews.india.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 22, 2020 16:22

Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред сегашниот американски претседател Доналд Трамп за осум процентни поени кај регистрираните гласачи, а поранешниот потпретседател на САД се чини дека има значителна предност и кај неопределените гласачи, покажа анкета спроведена од „Ипсос“. Според анкетата спроведена од 15 до 21 јули, 45 отсто од гласачите рекле дека би гласале за Бајден на изборите на 3 ноември, додека 38 проценти го поддржуваат Трамп.

Другите 16 проценти се неопределени гласачи или оние кои планираат да поддржат трет кандидат, или можеби воопшти нема да гласаат.

Анкетата исто така покажува дека 61 отсто од неопределените гласачи или оние кои се залагаат за некој трет, доколку би морале да избираат меѓу двајцата кандидати, би гласале за Бајден, додека 39 отсто во тој случај би гласале за Трамп. Меѓу неопределените гласачи, 70 отсто сметаат дека земјата е на погрешен пат, а 62 отсто дека и економијата оди во погрешна насока.

Таа група избирачи е, исто така, длабоко вознемирена од развојот на ситуацијата со новиот коронавирус од кој починаа повеќе од 144.000 Американци. Дури 80 отсто од гласачите рекоа дека се загрижени поради ширењето на Ковид-19, а 34 отсто рекле дека би гласале за кандидат кој ќе понуди „стабилен план за обновување на земјата“.

Останатите 24 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за кандидат кој може „да ја врати довербата во американската Влада“, а 12 отсто сакаат кандидат кој ќе стави акцент на здравствената заштита. Само 38 отсто од гласачите веруваат дека претседателот Трамп добро се справува со кризата со коронавирусот.

Анкетата била спроведена меѓу 4.430 возрасни Американци, вклучувајќи 3.744 регистрирани гласачи и 595 регистрирани гласачи кои не поддржуваат ниту еден од двајцата водечки кандидати.

анкета Доналд Трамп избори претседател САД Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.