НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисовски: Илинден е концепт кој обединува и гарантира заедничка и просперитетна иднина

0
By Нова ТВ on August 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од минатиот 2 август до овој, мина само една година, меѓутоа, верувам дека го делите моето мислење дека тоа е година што ќе ја запомниме по еден од најзначајните датуми за нашата земја. На 11 февруари оваа година, Собранието го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во воено-политичкиот сојуз на НАТО, една од стратешките цели што беа поставени уште во 1993 година, рече потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски во обраќањето од Мечкин Камен во Крушево каде ја предводеше собраниската делегација, во отсуство на спикерот Талат Џафери, по повод одбележувањето на Денот на Републиката – 2 август.

Обезбедивме, нагласи тој, сигурност на територијалниот интегритет и безбедност на нашата граница и сега, конечно, може да се каже дека е поставен уште еден камен на зацврстување на темелите на нашата држава.

„Вие почитувани граѓани, без оглед на премрежјата и кризите, без оглед на различностите, не дозволивте да се наруши духот на заедништво, соживот и толеранција и вие, токму вие имате огромен удел во одржувањето на овој ритам и оваа напредна ориентација. И затоа, денес, кога ги одбележуваме двата Илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите илинденци, изразувам восхит за нивната храброст, мудрост, визија и пожртвуваност“, истакна потпретседателот на Собранието.

Сите ние, нагласи, сме наследници на Илинден, затоа што веруваме дека тоа и во иднина ќе биде најдобриот и вистински концепт што ги опфаќа заедничките вредности кои сите ги славиме, ги празнуваме, вредностите кои нè обединуваат и нè поврзуваат, нè прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

„Имаме одговорност тој концепт да го чуваме и развиваме за нас и за идните поколенија. Имаме обврска да изградиме таква граѓанска држава во која нашите деца, внуци и сите идни генерации ќе се чувствуваат европски, светски, а сепак дома, свои на своето, во современа и просперитетна Република Северна Македонија. Нека е среќен и вечен 2 август, Денот на Републиката“, заклучи Мисовски.

Горан Мисовски Делегација Илинден Крушево Мечкин Камен Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.