Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторска конференција за Либан: Ветена помош од 253 милиони евра

0
By Нова ТВ on August 10, 2020 СВЕТ
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 10, 2020 09:31

Меѓународните донатори ветија 253 милиони евра на вчерашната донаторска конференција за Либан наменети за итна хуманитарна помош за земјата по катастрофалната експлозија во Бејрут, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го организираше виртуелниот собир. Франција ќе испрати 30 милиони евра, како и Европската комисија.

Донаторите ветија дека ќе обезбедат итна помош, пред сè, за болници, училишта, храна и домови.

Фото: hawarnews.com

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, рече дека е подготвен да го стави морскиот простор и аеродромот на земјата на располагање на меѓународната заедница за трансфер на хуманитарна помош или каква било друга помош за соседен Либан. Тој рече дека Кипар ќе испрати уште 40 тони санитетски материјал, генератори, облека и конзервирана храна, покрај петте тони кои веќе се испорачани.

Шпанската Влада соопшти дека ќе испрати итна помош во Либан, вклучувајќи лекови и медицински материјали. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека на Либан „ќе му треба голема поддршка за да се справи со штетата“.

Велика Британија вети 22 милиони евра помош на Либан. Велика Британија претходно вети 5,5 милиони евра и во Бејрут испрати медицински експерти и брод за истражување на Кралската морнарица. Бродот ќе помогне да се процени штетата од експлозијата предизвикана од илјадници тони амониум нитрат.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека неговата земја ќе му обезбеди на Либан дополнителни 10 милиони евра итна помош.

САД ќе обезбедат пари за Светската програма за храна за итни оброци за околу 300.000 луѓе погодени од експлозијата во пристаништето во Бејрут, покрај комплетот за итна медицинска помош, соопштија американски функционери.

Бејрут донатори експлозија конференција Либан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.