Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ со дневен ред за утрешната лидерска на албанските партии, Села и Гаши за одложување по 17 август

0
By Нова ТВ on August 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 12, 2020 15:12

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска предложи дневен ред за утрешната заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок што ја иницира претседателот на партијата, Али Ахмети. Од таму велат дека агендата може да биде дополнета и изменета со предлози од сите учесници на средбата со предлоф формат – претседател плус двајца соработници.

„За состанокот во четврток со почеток во 12 часот, ја предлагаме следната агенда: Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат, Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели“, се вели во партиското соопштение.

ДУИ, се посочува во партиското соопштение, останува достапна и отворена за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што се вели, ќе се договориме заеднички на утрешната средба и изрази благодарност до сите албански парламентарни партии за коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози.

Села и Гаши ја прифатија поканата на Ахмети, но не за утре, туку по 17 август

Алијансата за Албанците и Алтернатива ја прифатија поканата од ДУИ за зaедничка средба на лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо утре, таа да се одржи по 17 август.

„Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата“, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За да имаме суштински и плоден состанок, се посочува во партиското писмо, би било добро поканата да има предлог за агендата, за да, како што велат, имаат појасна идеја за причината за организирање на средбата на тркалезната маса на албанските парламентарни партии.

албански партии Али Ахмети Африм Гаши ДУИ Зијадин Села лидери средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.