Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томашевиќ од Можеме! е новиот градоначалник на Загреб, Пуљак победи во Сплит

0
By НОВА ТВ Balaban on May 31, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 31, 2021 11:39

Новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, од зелено-левичарската коалиција Можеме!, изјави синоќа дека гордо ќе го предводи градот кон подобра иднина, барајќи од граѓаните трпение, бидејќи „промените нема да бидат брзи“. Во вториот круг на локалните избори што беше одржан вчера, 39- годишниот Томашевиќ освои речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот од десното Татковинско движење, музичарот Мирослав Шкоро.

– Со гордост ќе го поведам градот кон подобра иднина и ќе бидам градоначалник на сите граѓани, и на оние за кои бев избор и на оние за кои не бев избор, рече Томашевиќ по победата, од изборниот штаб во Загреб.

Државната изборна комисија објави дека Томашевиќ освои 65,25 проценти или 199. 630 гласови од граѓаните на Загреб, а Шкоро 34,75 проценти или 106.300 гласови.

Томашевиќ ги повика граѓаните да учествуваат заедно со Можеме! во донесувањето одлуки за развој на градот.

-Нашиот поглед не оди само до следните избори, туку оди многу подалеку во иднината, бидејќи ни е клучна долгорочната благосостојба на нашиот град, потенцира Томашевиќ.

Градоначалник на Сплит во наредните 4 години ќе биде Ивица Пуљак од партијата Центар, Осиек ќе го води Иван Радиќ од Хрватската демократска заедница, а најмногу гласови во Риека доби Марко Филиповиќ од Социјалдемократската партија.

Во вториот круг учествуваа по двајца кандидати кои во првиот круг освоија најмногу гласови.

 

 

градоначалник Загреб Можеме! Пуљак Сплит Томашевиќ Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.