Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со ново повторување на старото барање – оставка на Владата и предвремени парламентарни избори. Тој притоа истакна дека се работи на создавање на ново парламентарно мнозинство, процес во кој, како што вели, е опфатен и дел од пратеничката група на СДСМ и јавноста ќе биде информирана што се обезбедат потребните 61 пратеник.
– Македонија нема повеќе време за губење и продавање, Заев мора да си замине, вели Мицкоски.
Мицкоски го образложи барањето за предвремени парламентарни избори со неколку причини, како трговија со името, со идентитетот, со историјата, со блокирани евроинтеграциски процеси, со бесмилосно трошење на буџетски пари, со слаб економски развој, со немање инвестиции, со лоши реформи во образованието, во здраството, во културата, итн.